Забременување

 

За бебињата и децата

Организацијата Лулка е препознатлива по континуираната, стабилна и системска поддршка која ја дава на семејствата.

Сексуално преносливите инфекции  (СПИ) имаат големо значење поради опасноста од стерилитет и компликации во текот на бременоста и по породувањето. Компликациите од инфекцијата со кламидија (Chlamydia trachomatis) и гонореа (Neisseria gonorrhoeae) кај жената најчесто доведуваат до една состојба наречена пелвична инфламаторна болест или PID (Pelvic inflammatory disease). 

Што е Лулка? Што значи нашата организација и каква симболика носи ова име? Лулка е местото каде се става бебето за да биде мирно, Лулка е мајчината прегратка која го гушка бебето додека цица, за да заспие.

Спиењето на страна е најдобра положба за спиење додека сте бремени. Особено спиењето на левата страна може да му годи на вашето бебе, бидејќи така се подобрува протокот на крв, а со тоа и протокот на хранливите состојки до плацентата. Исто така, при спиењето во оваа положба и бубрезите поефективно ги исфрлаат непотребните материи и течности од телото, што пак резултира со намалување на отоците на глуждовите, стапалата и дланките. 

Кардиотокографијата се користи за регистрирање на четири параметри. Се испитуваат контракциите на матката и три мерки поврзани со работата на срцето на бебето: фреквенцијата, основната стапка и променливоста, т.е. забрзувањата и забавувањата на срцевата работа на фетусот.

Второто тромесечие е средишниот период од бременоста. Тој го опфаќа развојот на плодот во текот на 13. до 27. недела. Во овој период еволуцијата на плодот продолжува, тој расте во должина и тежина, се диференцираат органите и постепено почнуваат да ја извршуваат својата функција. И визуелно фетусот ја добива дефинивната форма. Во овој период е можно откривање на полот на идното новороденче.

Неколку карактеристики на плодот во текот на второто тромесечие:

Во моментот кога фетусот почнува да чувствува, кога почнуваат да функционираат неговите сетилни органи, тие анатомски и физиолошки не се целосно развиени. Нивното созревање и правилно оформување е можно само преку примање на различни дразби од околината.

Второто тромесечие носи одредено чувство на олеснување во однос на тегобите кои се присутни во текот на првите три месеци од бременоста. Епизодите на гадење и повраќање се веќе минато, а бебето во овој период сеуште не е толку големо за да пречи на нормалното функционирање на органите во стомачната празнина.



Активностите на Здружението Лулка и на Клубот на родители на предвремено родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.