Sliki net1

 

Наши најдраги трудници, 
Во 2018 година за Вас подготвуваме повеќе работилници на различни теми, од информации за рана бременост до теми за родителство за оние кои се веќе породени. Следната работилница е закажана за 21.02.2018 година (среда) од 18-20 часот.

Првата работилница во 2018 е СИМУЛАЦИЈА НА ПОРОДУВАЊЕТО, закажана за 21.02.2018 година, ден среда од 18-20 часот во Хотел Порта – кај Вучко во нас. Аеродром. 

Со нашиот гинеколог др. Вероника Кокоромановска ќе разговараме за породувањето, од почеток до крај со сите негови аспекти. Работилницата ќе биде во форма на симулација на спонтаното породување, при што ќе се движиме заедно низ процесот на раѓање, од првите болки кои ќе ги почувствувате дома, па до испишување од болница со Вашето бебе. Ќе разговараме за начинот на дишење, ќе учиме како да си помогнеме во текот на контракциите и напоните, како да соработуваме со акушерскиот тим и како полесно и побрзо да помине породувањето.

Линк до евентот на Лулка на Facebook (Ве молиме да го споделите со Вашите пријатели)

Котизацијата за работилницата е 200 денари по лице, а поканети се и Вашите партнери, идните татковци, за кои имаме подготвено посебно изненадување. Пријавете се на нашата е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со име и презиме и гестациска недела. Фотографии од претходните активности и работилници кои ги организиравме може да погледнете во нашата  Галерија

 

Лулка Ви посакува пријатна бременост...! :) ♥




Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama

 newsletter banner subscribe