Doppler претставува технологија која во медицината се користи за испитување на протокот во крвните садови. Во бременоста доплерот се користи за следење на работата на срцето на плодот и на протокот во феталните крвни садови.

Пред вас е една нова авантура, која ќе направи да се чувствувате прекрасно и исполнето. Што треба да направите кога ќе дознаете дека сте бремени? Што треба да знаете на почетокот на бременоста ? Очекувањето и неизвесноста што тоа ја носи секогаш ќе постојат...

Постојат многу одговори на прашањето кога всушност започнува животот на човекот. Како што постојат разновидни ставови за оплодената клетка. Според некои луѓе тоа е веќе мало човече. Според други тоа е само оплодена јајце-клетка.

Принцот William и Kate Middleton го посетија штабот на Child Bereavement U.K во High Wycombe (град близу Лондон) во вторникот. William е патрон на добротворната акција преку која им се помага на родителите да продолжат со животот по смртта на нивното дете.

Прегледот на ултразвук е безбедна и сосема безболна рутинска процедура која се прави повеќе пати во текот на бременоста. Намената на ултразвучниот преглед е докажување на бременоста и следење на растот и развојот на плодот.

Во текот на бременоста жената функционира нормално. Таа се грижи за домот и семејството, оди на работа, излегува, се дружи. Секојдневните активности вообичаено не и пречат на бременоста. Сепак, постојат некои навидум едноставни, а сепак штетни фактори во околината кои може да му наштетат на плодот и треба да се избегнуваат.

Во поново време атрактивноста на сончањето е се помала, генерално поради фактот што е утврдено дека потемнувањето на кожата е всушност заштитна реакција од штетното UV зрачење..

Телото на жената претрпува одредени промени во текот на бременоста. Повеќето од овие промени се нормални, физиолошки. Најголем дел од промените настанати во бременоста се нормализираат по породувањето. Постојат одредени промени кои спаѓаат во рамките на патолошкото т.е. се знак на болест или компликации во бременоста.

 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama