Одбележувањето на Светската недела на доењето беше проследено со промоција на Facebook, а беа поделени и неколку подароци за поддршка на доењето од Медела. Еве што кажаа некои од граѓаните по повод Светската недела на доењето.

Kога се породив Давид не можеше да извлече млеко и беше многу гладен и растревожен. Многу бев упорна за да ми надојде убаво млекото и дури и сопругот влечеше со вештачки брадавици само за да надојде млекото. Ако почневме со дохрана можеби немаше ни воопшто да го дојам, ама бевме упорни и се исплатеше. За кратко време се се регулираше и Давид си ја доби потребната исхрана. Мамички, бидете упорни, со тоа само добро ќе им направите на вашите бебушки.

Си цицаме и супер си напредуваме...

Mајките кои сеуште дојат, а треба да бидат одвоени од бебето на еден или повеќе денови, можат претходно да се одмозлуваат секој ден по малку и да соберат количина доволна да ги покрие потребите на бебето додека се тие отсутни. За да не даваат адаптирано млеко или да го одбијат бебето од цицање.

Мајчиното млеко ги содржи сите потребни имуноглобулини, протеини и хранливи состојки потребни за правилен раст и развој на бебето !

Доењето е најсовршената исхрана за нашите деца :))

Бојан се роди како прематурче кое во својот прв месец немаше пробано ниту капка мајчино млеко. Со божја волја, од навршувањето на еден месец, па се до ден денес кога полниме 10 месеци, доењето ни е најубавиот и најпосакуваниот оброк.

Ако не сте знаеле, за да храната достигне во мајчиното млеко потребно е 4 – 6 саати. Ако после одредена исхрана осетите како вашето бебе не се чувствува добро, веднаш да прекините да ја консумирате, притоа да следите дали ќе се чувствува подобро. Најчести предизвикувачи (храни) од кои бебето може да реагира незадоволно се: брокула, грав, црвен лук и пиперки. Ви благодарам, се надевам дека помогнав....

Морам да се пофалам дека ја доев ќерка ми се додека не наполни две години, иако многумина мислеа дека сум претерала, благо да се изразам. Ама кога една мајка има млеко и желба, ништо не е тешко! Затоа дојте ги децата се додека можете! :)

Доењето не е важно само за сегашните или идните мајки. Тоа е подеднакво важно за татковците и за сите членови на семејството и заедницата.

Доењето најлесно се учи пред да дојде на свет Вашето бебе, во текот на бременоста и пред да забремените.

Текстот е објавен во рамките на Светската недела на доењето 2011