М.А, мајка од Скопје која ги доела своите две деца вели дека доењето е природен процес и доаѓа само од себе, бебето кога ќе се роди знае што прави и се е во ред. Според неа, доењето ја прави врската мајка-дете поинаква од сите други, искуството е непроценливо.

 

Breastfeeding 1050x700

 

Дали вашето искуство со доењето е позитивно? Што за Вас претставува доењето?

Со две деца кои сега имаат  6 и 3.5 години, можам слободно да кажам дека со доењето имам позитивно искуство. Тоа не значи дека на моменти не било тешко, фрустрирачки  и напорно. Доењето е природен процес и преовладува мислење дека доаѓа само од себе, бебето кога ќе се роди знае што прави и се е во ред. Има пречки, меѓутоа со упорност се надминуваат. Според мене, доењето ја прави врската мајка-дете поинаква од сите други, искуството е непроценливо. Во исто време е и најефтиниот начин на исхрана, без страв од нестерилизирани шишиња, претопла или преладна вода за формула, која формула е најдобра т.е. која највеќе одговара за бебето итн.

Кажете ни нешто повеќе за вашата бременост и породување? 

Двете бремености носеа различни проблеми. Првата крварење до 20та недела, втората поспецифична и покомплицирана која бараше инволвираност на искусни гинеколози и доктори од трансузиона медицина, како и спремност на педијатарот да ми укаже на компицираноста на случајот. Двете завршија со царски рез по барање на докторот кој ме породи. За среќа исходот е одличен, две здрави машки деца, првото со родилна тежина од 3730 g, второто со родилна тежина од 3360 g.

 

breastfeeding baby

 

Дали знаевте нешто за доењето пред да се породите? Дали добивте информации за доењето во текот на бременоста? 

Со оглед на тоа што со првото дете се породив на 33 години, бев информирана за се па и за бенефитите од доењето. Сите информации беа од околината, пријатели со деца, интернет и слично. Но секоја трудница е различна, па туѓото искуство може да помогне, но и не мора. Од денешен аспект, мислам дека веројатно бил потребен поблизок контакт со педијатар во тоа време, предавање, работилница или слично, кои би помогнале да ми ги разрешат дилемите кои се јавуваат во врска со доењето, посебно во првите две три недели по породувањето. Како и секоја трудница, посебно со прво дете, мислите воглавно се насочени кон крајот на бременоста и како се ќе заврши таа, а многу малку на тоа што следува понатаму. Она што знаев е дека сакам да дојам, но не и најефикасен начин за справување со проблемите кои можат, но и не мора да се појават.

Дали имавте проблеми на почетокот на доењето и ако имавте, како ги надминавте?

Проблемите се јавија со првото дете. Јас не знаев како, тој исто така. Она што треба да се знае е дека и на бебето му е шок промената на средината. Инстинктот е вроден, но треба да му се покаже како. Треба време и бебето и мајката да се навикнат еден на друг. Две недели користев и вештачки брадавки додека не воспоставивме ред, понатаму немав никаков проблем. Упорноста и поддршката од семејството и посебно од педијатарот во првиот месец, е најважна. Со второто дете немав никаков проблем. Првиот син го доев до 16 месеци, вториот до 14 месеци.

 

breastfeeding baby laughing26681025 1024 e1448384592145

 

Дали добивте поддршка за воспоставување на доењето и лактацијата во болница?

Да не беа сестрите во болницата каде се породив веројатно немаше да дојам. Вложија труд да ми објаснат како треба да се наместам јас, а како бебето, нешто што беше малку комплицирано поради царскиот рез. Нивната упорност, трпеливост и спремноста да помогнат во секое време ми го олеснија доењето.

Дали патронажна сестра Ви даде поддршка за доењето дома и колку Ви значеше таа поддршка?

Патронажната сестра немаше никако удел во доењето на моите деца. Со првото дете дојде, запиша и си отиде, со второто не ни дојде.

 

 Според Вас, колку е значајно мајката да добие соодветна едукација за доењето навреме, уште пред породувањето?

На мајката уште додека е трудна треба да и се објасни дека со породувањето не завршува ништо, напротив почнува. Сите дилеми кои се јавуваат во првите две три недели, додека хормоните уште не се стабилизирани, изгледаат страшно од аспект на мајката. Затоа треба поголем акцент да се даде на доењето и на сите пропратни работи уште пред породувањето, за до некаде мајките да бидат спремни за сите предизвици по породувањето.

 

skd230411sdc

 

 

Што беше пресудно за да продолжите да го доите Вашето бебе?

Од кога воспоставивме ред со доење, за мене беше најлесен начин на исхрана за бебето.

Дали добивте поддршка од вашето семејство во однос на доењето ?

Да, поддршката од семејството е многу важна.

Дали доите/доевте во јавност?

Доев во јавност, нормално малку изолирана за да не се деконцентрира бебето и поддржувам доење во јавност.

Што мислите, кога е идеално време да се престане со доењето?

За мене, горна граница на доење е 18 месеци, но да не се престанува пред 12 месеци.

Каков совет би им дале на идните мајки кои допрва треба да се породат и да дојат?

Да се информираат претходно, но и да знаат дека секоја мајка и секое дете се различни. Не постои шема, ако некому нешто му помогнало, дека истото ќе помогне и во друг случај. Упорност и смиреност се клучните работи кон кои треба да се стремат, а поткрепени со поддршка од семејството и со искусен педијатар, водат кон успех.

 

ЛОГО