Перинеум или меѓичка се нарекува делот кој се наоѓа помеѓу вагината и аналниот отвор. Кај некои родилки може да дојде до растегнување и ресцепување на овој дел во текот на породувањето. Со цел да се спречи повреда на кожата и мускулите во оваа регија, во текот на породувањето акушерката го штити перинеумот и истовремено се прави рез кој го олеснува излегувањето на бебето. Со тоа се спречува неконтролирана повреда која може да го зафати и завршниот дел на дебелото црево - ректумот, кој се наоѓа во многу близок сооднос, веднаш позади вагината.

Оваа процедура на правење рез на меѓичката се нарекува епизиотомија. Епизиотомијата најчесто се прави странично кон десно, но може да се направи и странично лево, или пак по средишната линија. Иако порано се правела рутински, во денешно време епизиотомијата се врши само доколку дојде до поинтензивно растегнување на перинеумот. Сепак, и денес, кај околу 80% од прворотките се прави епизиотомија со цел заштита од расцепи и несакани повреди. Веднаш по породувањето следи шиење на епизиотомијата со конци кои сами отпаѓаат. Интересно е да се спомене дека породените жени многу често се оптоваруваат со големината на раната, иако големината и нема некое поголемо значење. Многу поважно е правилното шиење на раната со добро адаптирање на рабовите на раната.

Без разлика дали имате направено епизиотомија или не, дали настанал расцеп или перинеумот е само растегнат од породувањето, треба да посветите соодветно внимание на овој дел од телото по породувањето. Неопходно е да одржувате хигиена, особено после одењето во тоалет. По миењето неопходно е оваа регија да се одржува сува, за да се избегне воспалување и инфекција. Во овој предел е очекувано да чувствувате умерена болка во првите денови по породувањето. Еве неколку мерки со кои ќе ја ублажите болката:

  • Нанесете ладни облоги мраз
  • Правете промивки со раствор на солена вода или физиолошки раствор
  • Убаво исушете се по миењето. Може да користите и фен со кој нежно ќе ја исушите чувствителната регија
  • Важно е раната да се одржува сува и да не се покрива доколку докторот не препорачал поинаку
  • Подоцна, може да седите на мека подлога и длабоко да дишите, како вежба за зајакнување на перинеалната регија
  • Може да користите и средства против болка кои ќе ви ги препише вашиот доктор

Доколку се сомневате дека постои некој проблем со раната или конците од епизиотомијата, може да ја прегледате раната со огледало, и доколку има проблем да се јавите кај вашиот доктор.

 

 


PreMama Duo 250x250

 

 

ikonka

newsletter archive icon 2

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama