Нормално родено бебе со сеуште непрсната амнионска кеса (воденик). Оваа состојба се вика „бебе во наметка“. И доколку се родат вака, бебињата се здрави.
Тие се наоѓале во истата обвивка и во истата течност цели 9 месеци во матката. Акушерката или докторот веднаш по раѓањето ќе го прснат воденикот. Бебето се уште не заплакало (вдишало), бидејќи внатре и нема воздух за да вдиши. Сличен концепт важи и за раѓањето под вода. Добредојде на светот, малечко :)