Првото глобално истражување, објавено по повод 17-ти Ноември 2011 година, првиот Светски ден на предвремено родените деца, покажа дека постои голема потреба од подобро информирање на родилките и трудниците во врска со предвременото породување и здравствените ризици на кои се изложени прeдвремено родените бебиња.
Во светот 10% од бебињата се раѓаат предврмено, а компликациите поврзани со предвременото раѓање се главна причина за смрт на децата во првиот месец од животот. Повеќе од две третини жени кои биле опфатени со ова истражување не ги знаеле овие податоци.
Половина од испитаните мајки изјавиле дека породувањето за нив претставувало стрес, но оние мајки кои се породиле предвремено чувствуваат уште поголема вознемиреност, вина, страв и немоќ. 42% од мајките на предврeмено родените деца се загрижени заради компликациите кои, долгорочно, би ги имале нивните бебиња, а дури 36% од нив сметаат дека детето ќе доцни во физичкиот развој. Но, грижите не се однесуваат само на здравјето, затоа што дури секоја четврта мајка верува дека нејзиното дете, поради тоа што е предвремено родено, нема да има еднаков успех во училиште како сите други деца.
Мајките, исто така, многу малку знаат за ризиците од респираторните инфекции, на кои предврмено родените деца се многу по подложни од терминските бебиња, ниту за начините на кои може да се заштити детето. Затоа, стручњаците од шведската асоцијација за пренаталана медицина сметаат дека е многу важно, освен едукација на трудниците, да им се овозможат што повеќе информации и на родителите на предвремено родените деца, додека нивните бебиња се наоѓаат во болница, за да се намали стравот и тешкотиите, а да се зголеми самодовербата и родителите да се однесуваат рационално и да направат сѐ што можат за доброто на своето дете, во текот на неговиот престој во болница и по одењето дома.
Причини поради кои се зголемува бројот на предвремени породувања
- медицински и технолошки напредок во областа на интензивна нега
- зголемен број на повеќекратни (близначки, тројни) бремености, како резултат на медицински подпомогнати оплодувања
- можност за изведување на поран или планиран царски рез кога тоа е оптимална опција за здравјето на бебето
- подобрена превентивна нега во текот на бременоста (со што бременоста до негде може да се продолжи до моментот кога е можно бебето да преживее надвор од матката)
- се поголем број на постари трудници
- никаква или недоволна едукација на трудниците