Во поголемиот број случаи, претходно наведените мерки не е можно да се почитуваат, бидејќи бременоста не била претходно планирана. Доколку веќе сте бремена, почитувајте ги, пред се, препораките од својот доктор и имајте ги на ум сите фактори за ризик.
Во текот на бременоста, внимателно следете ги сигналите на вашиот организам и обратете се кај докторот кога ќе имате потреба, и задолжително ако почувствувате некои од следните симптоми кои можат да укажат на ризик од предврмено породување:
- контракции, кои се болни и во правилни временски интервали, можат да бидат знак за предвремено породување;
- пукање на воденикот, може да се манифестира како истекување на голема количина на течност, но и како „протекување“ на течноста на воденикот. Ова е знак дека ви пукнал воденикот и тогаш мора задолжително да се јавите на преглед
- грчеви, кои личат на менструални грчеви, можат да бидат знак дека породувањето започнало
- болки во грбот, кои се чувствуваат во долниот дел од грбот
- притисок, односно чувство дека бебето притиска надолу
- исцедок од вагината, односно протекување на течност, крвава или слузникава
Доколку се установи дека породувањето започнало, постојат поголем број на медицнски третмани со кои продувањето може да се спречи или одложи. Доколку е невозможно да се запре породувањето, а бебето е старо помеѓу 24 и 34 гестациска недела, мајката ќе добие соодветни препарати за да се забрза развојот на белите дробови и мозокот на бебето.
Иако времето кое го имаат докторите за интервенција во овој случај е кратко, сепак постои можност да применат соодветна терапија и ако е потребно да ја префрлат идната мајка во медицинска установа која е доволно опремена да ја згрижи мајката и предвремено роденото бебе, односно во болница во која постои Оддел за неонатална интензивна нега.