Едно од десет бебиња се раѓа предвреме, насекаде во светот. Предвреме родените бебиња имаат потреба од посебна нега и третман. Како родители и професионалци, но пред се претставници на пациентите, благодарни сме за работата која ја вршат докторите и сестрите секојдневно, грижејќи се за предвреме родените и болните новородени. Нашата мисија како организација, е да се погрижиме секое новородено бебе да има најдобар почеток на животот.

22519241 1471783199573383 6321222434298316206 n malaСе што правиме за предвреме родените бебиња и нивните семејства, без разлика колку малку изгледа, може да помогне за подобрување на состојбата во која се наоѓаат.

Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

Европските стандарди за грижа за здравјето на новородените (European Standards of Care for Newborn Health) претставува интердисциплинарна соработка за развивање на стандарди за клучните сегменти кои влијаат на здравјето на новороденчето. Инициран и управуван од страна на EFCNI, овој проект ги обединува знаењетo и искуствoто на повеќе од 220 луѓе од 35 различни држави, со цел да се развијат тематски ориентирани Европски референтни стандарди. Во рамки на проектот European Standards of Care for Newborn Health, родителите и здравствените професионалци работат заедно како партнери - градат отворено партнерство и меѓусебна почит, со што го отвораат патот кон промената.

Фокусот на проектот European Standards of Care for Newborn Health е поставен врз третманот и грижата за предвреме родените и болните бебиња во болниците и понатаму како што тие растат. Тематски области кои се опфатени во рамки на проектот се:

  • Раѓање и транспорт
  • Медицинска нега и клиничка пракса
  • Процедури во лекувањето
  • Нега насочена кон бебето и семејството
  • Дизајн на единицата за неонатална интензивна нега
  • Исхрана
  • Етички одлуки
  • Следење и континуирана нега
  • Безбедност на пациентот и хигиена
  • Собирање на податоци и документирање
  • Едукација и обука