Забременување

 

За бебињата и децата

Поддршката на предвремено родените бебиња, деца и нивните семејства е еден од трите главни фокуси на организацијата ЛУЛКА. Организацијата Лулка е дел од пан-европска мрежа на родителски организации под покровителство на фондацијата EFCNI (Европска фондација за грижа за новородени) со седиште во Германија.

Светската Недела на Доењето 2016 (#WBW2016) ја потенцира поврзаноста помеѓу доењето и Целите за Одржлив Развој (SDGs – Sustainable Development Goals). Овие т.н. Цели за одржлив развој се одраз на глобалната посветеност и делување кон обезбедување соодветен напредок.

Благодарница за Лулка од СОС Детско Село Македонија беше врачена на прославата за денот на основачот на СОС Детско Село Hermann Gmeiner.

Здружението Лулка во соработка со СОС Детско Село - Советодавен центар за родители и деца Гази Баба спроведе работилница за промоција и унапредување на доењето за жени / мајки од семејства во социјален ризик - ромски семејства.



Активностите на Здружението Лулка и на Клубот на родители на предвремено родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.