На родителите им е важно нивните бебиња да спијат затоа што тоа време им е потребно да ги завршат обврските кои не се поврзани со грижата за бебето. Меѓутоа, важноста на сонот за целокупниот развој на детето е повеќекратна – еве и зошто...

Сонот е исклучително важен фактор во животот на сите луѓе. Кога спиеме, нашето тело се одмора и ја обновува енергијата. Значењето на сонот се огледува во нашите чести коментари за тоа како сме ја поминале ноќта, како и навиките на спиење на нашите деца. Сонот, исто така е важен и заради сништата во кои ги преработуваме дневните настани, што многу влијае и на нашето психичко здравје. Кога се децата во прашање, родителите се одговорни за создавање на добри навики за спиење, кои вообичаено остануваат цел живот.

Колку треба да спијат децата?

Динамиката и квалиетот на сонот на вашето дете – колку и како спие – влијае на целото семејство. Токму затоа и создавањето на навики за спиење и спроведувањето на утврден ритуал за одење во кревет се од клучно значење за неговиот развој (и вашиот мир). Што се однесува до потребата за сон, секое дете е приказна за себе, па затоа овој текст прифатете го само како рамка, водич. Ако на пример, вашето дете е многу активно, најверојатно и нема да му биде потребно многу спиење. Затоа, ако се обидете да ги промените неговите навики за спиење, по примерот на детето на вашата пријателка (која тврди дека нејзиното дете е идеално) само дополнително ќе предизвикаат непријатности.

Новороденче

До третиот месец од животот бебињата спијат од 16 до 19 часа дневно, и обично се будат на секои два до три часа заради подојот. Според тоа дека главно се будат затоа што се гладни, не очекувајте дека ќе спијат повеќе од 3 до 4 часа во континуитет. Некои бебиња спијат и подолго од тоа, што е во ред, под услов здраво и нормално да напредуваат. Меѓутоа, ако вашето бебе изгуби на тежина или неговата тежина не се зголемува со очекувано темпо, докторот ќе ве советува да го будите на секои два или три часа заради оброкот.

 

Тримесечно бебе

Бебињата на оваа возраст треба да спијат од 13 до 15 часа дневно. Во дневен сон поминуваат околу 6 часа, а остатокот го преспиваат во текот на ноќта. Меѓутоа, ноќниот сон и понатаму ќе биде испрекинат, затоа што бебето ќе се буди еднаш или два пати во текот на ноќта. Тогаш треба да го преземете следното:

- Прво почекајте да видите дали одново ќе заспие само. Ако не заспие , нежно понишајте го и погалете го за да го уверите дека не е само и дека е сигурно. Почекајте неколку минути пред да преземете нешто друго. Во најголемиот број случаи, бебето ќе се смири и повторно цврсто ќе потоне во сон.

- Доколку морате да го нахраните или повиете бебето, направете го тоа брзо, итно и при тоа не вклучувајте дополнително светло. Исто така, немојте ништо да зборувате или да си играте со бебето. Така ќе го научите дека во текот на ноќта ништо забавно не се случува како и дека играта и разговорот се резервирани само за денот.

- Бидејќи на бебето не му е важно дали ќе спие во текот на денот, а  ноќта ќе биде будно, потребно е што порано да го научите на правилен редослед на работите.

Од шест месеци до една година

Во просек, бебињата на оваа возраст спијат меѓу 12 и 14 саати дневно. Доколку детето се разбуди во текот на ноќта, сосема е во ред пред да проверите од што се разбудило, да почекате 5 минути. Досега веројатно сте научиле да ги препознаете различните видови на плачење, кои ќе ви покажат дали бебето е гладно, нервозно или можеби нешто го боли. За да го смирите и да го уверите дека не е само, нежно галете го и тивко зборувајте му. Освен тоа, вашето бебе на оваа возраст веројатно има омилена играчка или некој предмет кој му дава чувство на сигурност, па погрижете се да биде во близина.

Од дванаесет месеци до 3 години

На децата на оваа возраст потребни им се 12 саати ноќен сон. Кога одредувате кога е време за во кревет, земете го предвид и времето за будење, како и времето кое му е потребно да се подготви, да речеме, за во градинка. Ненаспаноста предизвикува повеќе проблеми, како за детето, така и за вас – замор, недостаток на внимание, нервоза, незаинтересираност за активностите... Затоа мора прецизно да го одредите времето за спиење и на тоа стриктно да се придржувате.

Претшколска возраст

На возраст од шест години детето треба да спие од 10 до 12 часа дневно. Ритуалот на спиење е добро совладан и детето му се покорува. Меѓутоа, малите на оваа возраст може да почнат да патат од кошмари. Доколку детето во текот на ноќта се разбуди уплашено, пружете му утеха и повратете го чувството на сигурност. Тоа, секако, подразбира да одите до собата на детето и да го смирите со нежни зборови и допири. Сепак, за што полесно повторно да заспие, не барајте да ви раскаже што го разбудило, затоа што детето и не е потполно разбудено. Во повеќето случаи наредното утро нема да се сеќава дека нешто лошо го разбудило.

Како се воспоставува ритуал за спиење?

Станува збор за вршење исти активности, со ист редослед, отприлика во исто време, пред одење во кревет. Во најдобар случај, овој ритуал не треба да трае подолго од 13 до 30 минути. Ви предлагаме да го изведете на следниов начин:

- Пред спиење немојте да се занимавате со бучни, туку со тивки активности.

- Дозволете му на детето да си ги одбере пижамките.

- Нека оди во тоалет и нека ги измие забите.

- Заедно слушајте смирувачка музика.

- Прочитајте или раскажете му на детето некоја приказна.

- Покријте го детето заедно со некоја негова омилена играчка или некој друг предмет кој му дава чувство на сигурност.


PreMama Duo 250x250

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama

 newsletter banner subscribe