Возраста помеѓу 24 и 36 месеци е многу значаен период за правилен развој на говорот. Некои деца почнуваат да зборуваат пред да наполнат 2 годинки, а некои прозборуваат дури кон крајот на третата година. Подолу ќе прочитате неколку начела и упатства за условно и/или безусловно поттикнување на говорот.

Важно е во овој период да бидете трпеливи со своето дете, да ги применувате овие совети, а доколку се сомневате во соодветниот развој на говорот кај Вашето дете, може да не посетите во Лулка центарот за вежби и советување, каде здружението Лулка ви овозможува една бесплатна консултација со логопед. 

Еве неколку совети како да го поттикнете вашето дете да зборува:

• При секојдневните активности на детето, важно е секогаш родителите и оној кој се грижи за детето да го именува предметот што го користи или кој му го привлекува вниманието на детето, да се запознае за што се користи тој предмет и како се вика.

• На детето треба редовно да му се повторува и да му се објаснува и фактот дека секој предмет си има свое име и примена.

• Кога детето покажува со прст кон нешто што сака или кон некој предмет кој сака да го добие, одбегнувајте вие да го именувате предметот наместо него, туку бидете трпеливи и почекајте прво детето да се обиде да го каже (без разлика дали се нервира или прави напор да најде начин да го изговори зборот). Во ваквата ситуација важо е да има обиди да го каже она што треба, а со време ќе почне и точно да ги кажува зборовите.

• Кога играте со топка ќе нагласувате по неколку пати: дај ја топката, фрли ја топката, земи ја топката, однеси ја топката кај мама, види ја топката, каде е топката итн... Колку и да се повторува името на предметот што му го привлекува вниманието, тоа не може да ја попречи или да ја прекине, туку само ќе ја продолжи. Ако тоналитетот на гласот и зборот му се интересни на детето, може да се обидува и да повторува по Вас.

• Секоја активност и игра, како што се скокање и потскокнување, шутирање, додавање, миење, јадење, треба да се именуваат: Види Марко, тато скока, и тогаш Вие скокате, или кога детето ќе скокне Вие викате: ...иииии, Марко скокна, чекај сега и јас ќе скокнам, и активноста се повторува со гестикулирање и со правење на гримаси при потскокнувањето за на детето да му биде интересно.

• Именување и на другите секојдневни активности и предмети, именување на храната, на мирисите кои се карактеристични за таа храна, на предметите во кујна, на тераса, во гаража, во бања итн.

• Откако ќе се запознаете со се околу вас и ќе се обидете заедно да именувате предмети од околината, понатаму ќе почнете да барате од него тие работи да ги именува и да ја кажува акивноста, со тоа што ќе кажувате, односно ќе прашувате и ќе барате самиот да каже:

o Што сакаш?

o Што бараш?

o Зошто ти е?

o Ти се допаѓа?

• Давајте му можност на детето од две работи да избере една: сакаш сок или вода? Ако покаже кон сокот, му велите дека избрал вода, за да проверите дали предходно научил да ја именува и да ја препознава разликата меѓу двете.

• Треба да се обидете да откриете дали детето знае кога точно се кажува не, а кога да. Дали ги разликува да и не и дали ги користи соодветно.

• Треба да престанете да поставувате прашања на кои одговорот се подразбира, прашања каде одговорот е потврден или одречен, кои може да се одговорат со Да или Не.

• Доколку користите бебешки говор во комуникацијата со вашето дете, треба да прекинете веднаш или постепено, колку да се направи една преодна фаза. Треба да преминете кон изговарање на зборовите со правилен изговор и акцент, со сите букви кои ги содржи зборот. Доколку правите преоден период / говор, тој треба да трае многу кратко, колку да се запознае детето дека двата начини на изговарање на зборот се однесуваат на иста работа, на ист предмет.

• Една од важните работи за поттикнување на говорот е читањето приказни на мајчин јазик. Важно е да се избегнува долго гледање на ТВ, особено содржини на друг јазик различен од мајчиниот.

• Важно е и гледањето сихронизирани цртани филмови на мајчин јазик. Пуштете ги цртаните дури и кога детето не им обрнува внимание. Важно е да го слуша говорот, како на родителите и домашните со кои постојано има комуникација, така и од телевизијата. Важно е гледањето телевизија да се сведе на минимум, бидејќи детето сеуште има потреба од многу интеракција, игра, движење и доживување на различни ситуации од кои постојано учи.  

• Важно за поттикнување на говорот кај детето е и слушањето песнички на мајчин јазик.

 

Здружението Лулка во Центарот за вежби и советување Ви нуди една бесплатна консултација со логопед. За дополнителни информации и закажување јавете се на 078/377-792 или пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

Татјана Павловска – Деспотовска

Логопед

 
 

 


 ReklamaFBPanorama250

 PreMama Duo 250x250

 

 Eurolink Semejno 300x250px Google

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

 

Умбрела

 logo konceptmama