ФОКУСИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

Не постојат две деца кои се исти, па пронаоѓањето на начини на кои може да направите секое дете да се чувстувва посебно не е секогаш лесно. Користете ги овие 5 совети за да се ангажирате околку своите деца и да направите секое од нив да се чувствува посебно.


1. ОСТАВЕТЕ  ГО МОБИЛНИОТ

Кога детето си доаѓа дома од градинка или од училиште, шансите дека ќе сака да ги сподели искуствата со вас се големи. Ако сте заглавени во пишување меилови, пораки или висите на телефон, може да го загубите прозорот на можности за да се зближите со вашето дете. Веднаш штом влезе низ вратата, оставете го мобилниот и седнете со него барем 10-15 минути. Гледајте го в'очи, поставувајте прашања и вистински ангажирајте се околу него додека дискутирате за неговиот ден.  

2. ПЛАНИРАЈТЕ ГИ ДАТУМИТЕ ЗА РОДИТЕЛ-ДЕТЕ 

Барем еднаш месечно одвојте ден за да се поврзете со вашето дете. Ако имате повеќе деца, погрижете се секое од нив да добие свој посебен ден. Времето што ќе го одвоите зависи од детето и активностите кои ги имате на ум, но дефинитивно е потребно да го вклучите и него во процесот на планирање. Ако го интересираат животните на пример, однесете го во зоолошка, или во музеј. Ако сте родител на спортист, одете на натпревар или гледајте заедно спорт. Ако вашето дете сака да готви, поминете го денот во кујната... Целта е да се дружите со детето, а истовремено да го поддржувате и да ги споделувате неговите интереси.   

3. ПРОСЛАВУВАЈТЕ ГИ СПЕЦИЈАЛНИТЕ ГОДИШНИНИ 

Повеќето деца се чувствуваат посебно на својот роденден, но помнењето и одбележувањето на другите настани и поводи ќе му помогне да изгради историја на лични традиции. Овие посебни годишнини може да бидат едноставни, како на пример славење пола роденден, точно шест месеци по роденденот, или може да бидат значајни, како годишнина од опоравувањето од некоја повреда и болест. Овие прослави не мора да бидат големи, само картичка или букет цвеќе е се што е потребно за да му кажете „Те сакам и се сетив“. 

4. ПОБАРАЈТЕ ПОМОШ 

Децата сакаат да знаат дека нивното присуство е важно. Замолете го да ви помогне да испланирате некој важен настан или да придонесе на некој начин кога треба да купите нешто големо или да донесете некоја поголема одлука. Вашите деца ќе се чувствуваат посебно кога ќе знаат дека го сакате и почитувате нивното мислење, а ова ќе им овозможи да расте нивната самодоверба.

5. НЕ ГИ ЗАБОРАВАЈТЕ ПРЕГРАТКИТЕ 

Физичкото врзување меѓу родителите и децата нови големо значење и важност низ целиот живот. Создадете рутини кои инволвираат прегратка, бакнеж или галење по косата. На пример, бакнете го и прегрнете го секое утро пред да замине во градинка или на училиште, и потоа повторно пред да си легне навечер. Погалете го по главчето или по рамето кога ќе поминете покај него. Колку повеќе е свесно дека сте до него физички и емоционално, толку по сигурно и попосебно ќе се осеќа. 

 

 


PreMama Duo 250x250

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama

 newsletter banner subscribe