Да, моето дете има 2 години и 5 месеци. Машко, син на тато... Минатото лето се обидовме да се откажеме од пелени, но бидејќи ги наводенивме гаќите и панталоните, решивме да го одложиме откажувањето. Сега веќе немаше каде.

Едно утро - саботно, решивме да се оставиме без пеленка и да видиме што ќе се случи. По убаво и темелно објаснување, разговор, дете кимна со глава и останавме само по гаќи и тренерка. Да, без пелена. Вака некако дете ми изгледа слабичко, го нема познатото Памперс газе кое често го гледаме на телевизија.

По 20-тина минути дете доаѓа со наводенети панталони, и една флека на тепихот која веднаш ни ја покажа. Добро е тато, не се секирај, следниот пат ќе кажеш, такааа? Да, да... пак кимнува со главата. Во следниот час и половина се измокривме дури 6 пати, и тоа ниту еднаш во нокшир. Малку се обесхрабривме. А, и ни снемуваше гаќи, и панталонки. Машината за перење ќе има многу работа вечерва... Веќе почнавме да вадиме летна гардероба, бермуди, само да не седиме по гаќи. Поминаа неколку часа, домашни работи, викенд, кога одеднаш дете доаѓа и вика, мамо, тато, има вода. Ние веќе подзаборавени, каде има вода бе тато, што истури, каде, кога оп, детето покажува на нокширот паркиран покрај фотељата во дневна. Ајде тато, брзо, соблекувај гаќите... Е тоа е триумф.... аплаузи, овации, мама и тато среќни, широка детска насмевка, среќа во неговите очи. Браво, браво...

Да... До крајот на денот седнувавме уште многу пати, кога со причина, кога онака, без причина. Но детето мора да учи, како и сите ние, како за сѐ во животот. Треба да му се остави време да научи, да истражи, да сфати... Така ќе научи што е чувството за мочкање, да го разликува од другите нагони и потреби, да знае кога треба да седне, а кога не мора, кога нешто друго го голицка или му се случува во неговото мало тело. Така наивно, на едно седнување дете рече: „Тато, ова не тече...“ - да, за него тоа е ова, и тоа не тече. И навистина, тогаш немаше ништо во нокширот, но 1/2 час подоцна имаше. Сега има вода тато, има вода...

Ако ја разбереме детската наивност и се ставиме во негова кожа, ќе го сватиме многу подобро, и повеќе ќе го поддржуваме во неговара борба со предизвиците, колку и мали да ни се чинат нам, на возрасните. Ние сме среќни бидејќи успеавме. Дури и малку разочарани, бидејќи изгледа дека дете ќе можело истото да го прави и порано. Можеби ние сме го попречувале процесот со давање илјадарка за пелени во Зегин. :) Поздрав, се гледаме за 7 дена... Ќе Ви кажам како прв пат ја правевме големата работа во малото нокширче. Или нешто друго...

Од таткото на малото-големо човече :)


PreMama Duo 250x250

 

 

ikonka

newsletter archive icon 2

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama