Драги родители, продолжуваат активностите и работилниците на Лулка и во месец мај. Ви ја претставуваме нашата нова активност за поддршка на родителите „Родителски форум - Најважните теми за родителите и децата“ кој ќе се одржи во среда на 23.05.2018 година од 18-20 часот во Хотел Порта.

Webphoto100Нашиот фокус ќе биде насочен кон родителството и кон најчестите проблеми кои ги загрижуваат родителите. Теми за кои ќе разговараме на првиот Родителски форум на Лулка на 23 мај се:

  • Што е здрава исхрана и како против лошите навики во исхраната во раното детство
  • Електронските уреди и воспитувањето - препораки за користење на електронски уреди од 0-6 години
  • Како да превенираме појава на нервоза и агресивност кај децата од предучилишна возраст

Темите кои ќе бидат опфатени се однесуваат на раното детство од 0-6 годишна возраст, па сите родители кои имаат деца на оваа возраст треба да ја посетат работилницата. Се препорачува доколку се во можност да дојдат двајцата родители, бидејќи е пожелно родителите при воспитувањето на детето да имаат донекаде усогласен став. Покрај информациите, советите и препораките кои за Вас ги подготви нашиот педијатар, очекуваме да ги слушнеме и Вашите ставови, прашања и дилеми. Работилницата ќе ја води Др. Денис Ал Кхалили - специјалист педијатар.

Линк до евентот на Лулка на Facebook (Ве молиме да го споделите со Вашите пријатели)

Котизација за работилницата е 200 денари по лице. Пријавете се на нашата е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со име и презиме.
На следните вакви работилници наменети за родители, ќе вметнеме теми за кои Вие ќе покажете интерес и потреба да дознаете нешто повеќе.

Фотографии од претходните активности и работилници кои ги организиравме може да погледнете во нашата  Галерија

 

Од претходните работилници во 2018

Погледнете моменти од одличните работилници кои се одржаа во претходните месеци во Хотел Порта. Од следниот месец циклусот на работилници започнува повторно со работилницата Симулација на породување. За повеќе информации пишете ни на нашата е-маил адреса или јавете се на 078/377-791.

Фотографии од претходните работилници ќе најдете на следниот линк: 

Албум Симулација на породување - Февруари 2018

Албум Научете како да го доите Вашето бебе - Март 2018

Албум Се што треба да знаете за бременоста - Април 2018


PreMama Duo 250x250

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama

 newsletter banner subscribe