Безбедноста во домот е нешто на кое не мислиме во првите недели и месеци по доаѓањето со бебето дома. Но како што тоа расте, почнува да комуницира со својата околина, бебето покажува радозналост, почнува да лази, може да се стркала од креветот на кој претходно безбедно си лежело.

Со растот на бебето, со лазењето и првите чекори, родителите веќе треба да знаат на кој начин да го заштитат своето бебе и мало дете од можните опасности во домот, дали е тоа опасност од паѓање, повреди, пристап до кабли и струја, хемиски супстанци (детергенти), лекови, извори на топлина, греалки, шпорет и опасноста од изгорениците со течности како една од најчестите причини за трауматизам кај малите деца. 

Погледнете ја емисијата 0м+ на ТВ Телма, во која Др Денис Ал Кхалили - специјалист педијатар, говори за најчестите опасности во домот и како тие да се спречат и избегнат.

 


PreMama Duo 250x250

 

 

ikonka

newsletter archive icon 2

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama