Лулка – Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Скопје е невладина и непрофитна организација која е основана во Јуни 2009 година.

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

Лулка – Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца - Скопје
Датум на основање на здружението: 27.06.2009 год.
Депонент: Унибанка Скопје 
Денарска сметка:    240050001924070 
Девизна сметка:      IBAN 07240050001924070.

Интернет страна: http://lulka.org

Facebook ЛУЛКА - Официјална страна на организацијата

Facebook ПРЕМНОВА - Платформа за поддршка на предвремено родените бебиња, нивните семејства и професионалците кои работат со оваа популација

 

ШТО РАБОТИМЕ...

Денес организацијата Лулка е препознатлива по континуираната, стабилна и системска поддршка која ја дава на семејствата. Лулка работи на едукација на младите луѓе, подобрување на нивните родителски вештини, знаења од областа на јавното здравје и превенцијата, правилната исхрана, нега и воспитување на децата, доење и многу други теми.

Организацијата Лулка е застапник (endorser) на WABA во Република Македонија, глобална организација за заштита, промоција и поддршка на доењето.

Во партнерство со EFCNI – Европската фондација за грижа за новородени Лулка се занимава со подобрување на условите за нега и следење на предвреме родените бебиња и деца. На национално ниво, секоја година организацијата Лулка ги одбележува Светската недела на доењето и Светскиот ден на предвременото породување во Македонија.

Лулка денес работи во три програмски насоки:

  • Поддршка на граѓаните во текот на бременоста и породувањето;
  • Промоција, заштита и поддршка на доењето во Р. Македонија;
  • Подобрување на условите за предвремено родените бебиња и поддршка на семејствата кои имаат предвреме родено бебе/дете.

 

НАШАТА МИСИЈА

Подобрување на условите во кои се раѓаат и живеат децата, преку едукација и поддршка на родителите и на младите пред забременување, во текот на бременоста и по породувањето.
 
 
НАШАТА ВИЗИЈА
 
Општество во кое граѓаните се информирани и свесни за значењето на семејството и потомството, за превентивните мерки за одржување на здравјето пред и во текот на бременоста. Општество во кое сите граѓани, а особено родителите се правилно информирани и знаат како правилно и совесно да се грижат за своите деца, применувајќи ги современите јавно здравствени упатства и доктрини. Општество во кое на граѓаните, особено на младите им е достапно соодветно сексуално образование, а тие се информирани и активно ги користат средствата за заштита од непланирана бременост и сексуално преносливи инфекции. Општество во кое на граѓаните им се достапни центри за ваков тип на едукација и поддршка на локално ниво. Општество во кое законските прописи ги препознаваат и се прилагодени кон специфичните потреби на оваа голема популациона целна група.
 
 
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ...
 
Доколку сакате да дознаете повеќе за нашата организација може да ни пишете на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или да нe побарате на бројот 078/377-791.

PreMama Duo 250x250

 newsletter banner subscribe

              

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama