Овулација претставува ослободувањето на јајце-клетката од јајниците на жената кон средината на месечниот циклус. По овулацијата јајце-клетката се движи низ јајцеводот, преминува во матката, и доколку не биде оплодена се исфрла надвор заедно со внатрешниот обновлив слој на матката како менструално крварење.

Доколку водите љубов непосредно пред, во тек и по периодот на овулација постои реална можност да останете бремени, се разбира доколку не користите контрацептивни мерки. Од вагината, преку грлото на матката сперматозоидите навлегуваат во матката. Тие патуваат кон јајцеводите, таму се среќаваат со јајцеклетката и еден од нив ја оплодува.
Овулацијата е важна бидејќи без неа нема јајце-клетка, а без јајце-клетка неможе да дојде до бременост. Треба да знаете дека менструацијата е всушност последица на овулацијата, па доколку имате нередовна менструација, неопходно е да извршите преглед на гинеколог.