Сперматозоидите на мажот можат да преживеат 24-72 часа во матката и јајцеводите на жената, додека јајце клетката преживува 24 часа од моментот на овулацијата. Според други извори, сперматозоидите може да чекаат во јајцеводот и до 5 дена пред да дојде јајце-клетката и да ја оплодат.

Во текот на првата година откако ќе решите да имате бебе се препорачува подолго време слободно да водите љубов во периодот кога се очекува овулацијата, без да се оптоварувате со броење денови или правење тестови за овулација. Треба да знаете дека има голема веројатност да не забремените веднаш. Околу 80% од жените што решиле да забременат, не успеваат во текот на првата следна овулација. Доколку мажот и жената имаат редовен сексуален однос, повеќето од жените ќе забременат за 6 месеци, а скоро сите во текот на првата година. Статистичките податоци велат дека 85% од жените, односно 85 од 100 жени забременуваат во текот на првата година.
Стресот кој настанува при неуспехот, а кој е сепак нормален во текот на првата година, може да ја намали шансата да останете бремени. Запаметете, доколку сте здрави, психичката рамнотежа и редовните односи ќе доведат до бременост кај најголем број од двојките кои сакаат да зачнат.
Доколку не успеете да забремените по една година редовни односи, време е да се обратите на доктор и да ја побарате причината за оваа појава.

 


 

 Eurolink Semejno 300x250px Google

 

 Babytol baner

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

 

Умбрела

 logo konceptmama