Треба да знаете дека зачнувањето може да биде успешно само во определен период од месечниот циклус. Тоа е можно во текот на 24 до 72 часа пред овулацијата и до 24 часа по овулацијата. А како ќе знаете кога овулирате???

Kога се ослободува јајцеклетката од вашиот јајник? Постојат повеќе начини да откриете кога настанала овулацијата:

  • Некои жени при овулацијата чувствуваат лесни тегоби, обично на средината на менструалниот циклус.
  • Моментот на овулацијата може да се открие и со мерење на базалната телесна температура, секој ден наутро, уште пред да станете од креветот. Благиот скок на базалната температура (од 0,4-0,5 степени) ја означува овулацијата.
  • Овулацијата може да се регистрира и по вискозноста на вагиналниот секрет. Обично во мала количина и чист, секретот при овулацијата станува поредок и растеглив меѓу прстите, како жива белка од јајце. Оваа промена е во функција на природниот процес на оплодување, за да може да им направи пат на сперматозоидите, полесно да стигнат до целта (јајце клетката).
  • Постојат и специјални овулаторни китови за анализа на урината, кои жената може сама да ги користи во периодот кога ја очекува овулацијата.