Тестот за бременост претставува постапка со која се утврдува дали жената е бремена или не. Денес постојат голем број тестови за бременост, а дел од нив се наменети и за самостојна употреба дома.
Тестирањето на бременоста датира уште од времето на египетската цивилизација.

Во поново време, во 1928 година за прв пат е направен тест за бременост со детектирање на присуството на хуманиот хорионски гонадотропин (hCG). Овој хормон се создава во плацентата, а може да се најде во крвта и урината на бремената жена. Пазитивен тест за бременост се добива 6 до 11 дена по оплодувањето, т.е. кога јајце-клетката ќе се вгнезди во ѕидот на матката и ќе почне да го создава овој хормон.

Вообичаено прагот на осетливост на тестовите изнесува 25 mIU/mL hCG во урината. Точноста на тестовите за бременост најмногу зависи од начинот на кој се изведува тестот. Доколку е правилно изведен, точноста на тестот достигнува 97 %.
Докажувањето на бременоста може да се изведе и со ултразвучен преглед. Ембрионот е видлив на ултразвучен преглед веќе во текот на петтата гестациска недела, а кон крајот на шестата недела со доплер може да се детектира и работата на срцето.

Без разлика како сте утврдиле дека сте бремени, со добивањето на позитивен тест започнува едно ново поглавје во вашиот живот. Ви посакуваме здрава бременост и здраво бебе.