Возраста е значаен фактор кој дирекно делува на способноста за зачнување. Најзначајниот пад на плодноста кај жената се случува во периодот пред и по четириесеттата година од животот. Кај жените од 35 до 39 годишна возраст веројатноста за зачнување е два пати помала во однос на оние на возраст од 19 до 26 години.

Вкупната шанса за зачнување кај жените на возраст од 35 – 39 е 60% во првата година и 85% во текот на две години. Од ова произлегува дека иако намалена, сепак постои значајна веројатност за забременување и по 35-тата година од животот.

Утврдено е дека возраста делува и на способноста за зачнување кај асистираната репродукција.

Поновите истражувања и кај мажите покажуваат намалување на плодноста со стареењето. Со возраста се зголемува и веројатноста за хромозомски и други дефекти на јајцеклетките и сперматозоидите, што понатаму може да резултира со пореметување во ембрионалниот развој и вродени малформации кај новороденчето.