Прочитајте кои се факторите кои влијаат на веројатноста за зачнување. Кои фактори ја намалуваат, а кои пак ја зголемуваат плодноста и шансата да станеме родители.

Фактори кои ја зголемуваат веројатноста за зачнување:

  • Возраст на жената под 30 години
  • Практикување на сексуален однос во последните 6 дена пред да настане овулација
  • Жената со BMI (Body-mass index) помеѓу 20 и 30
  • Двајцата партнери непушачи
  • Внес на кофеин – помалку од две шољи кафе дневно
  • Обајцата партнери не користа т никакви дроги и опојни средства
  • Има претходна бременост
  • Се обидуваат да зачнат помалку од 3 години

Фактори кои ја намалуваат веројатноста за зачнување:

  • Возраст на жената над 35 години
  • Нередовен сексуален однос, непрактикување на сексуален однос во последните 6 дена пред да настане овулација
  • Жената со BMI (Body-mass index) под 20 и над 30
  • Е ден или обајцата партнери се п ушачи
  • Внес на кофеин – повеќе од две шољи кафе дневно
  • Партнерите редовно користат дроги и опојни средства
  • Нема претходна бременост
  • Се обидуваат да зачнат повеќе од 3 години

 


 

 

 Babytol baner

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama