Во последниве две децении постои вистинска епидемија на болести т.е. инфекции кои се пренесуваат по сексуален пат.

Овие болести (инфекции) може да бидат предизвикани од:

1. бактерии (gonorea, sifilis, sankroid, granuloma ingvinale, limfogranuloma venerum, hlamidiski infekcii, bakteriski vaginozi…) 

2. микоплазми (mikoplasmalni и ureaplasmalni генитални инфекции) 

3. вируси (генитален херпес,генитални кондиломи,карцином на грлото на матката,хепатитис ,сида..)

4. габи (генитална кандидијаза)

5. протозои (урогенитална трихомонијаза...)

6. артроподи-паразити (генитална вошливост, шуга)

Годишно во светот, околу 333 милиони луѓе се заразуваат со некоја полова болест (инфекција), не вбројувајки ја сидата, а се смета дека половина од сексуално активните личности што се на возраст до 25 години, дека имаат некоја сексуално пренослива болест т.е. инфекција. 

Не постојат машки и женски полови (венерични) болести. Се пренесуваат од заразена на здрава личност, преку: полов контакт (вагинален, анален, орален), контакт со заразена слузокожа и кожа, контакт со заразена крв и телесни течности (екскрети), преку игли и шприцеви (кај нарко зависници), од трудница на бебе за време на бременоста или породувањето. За најчести причинители на сексуално преносливите болести, во денешно време, се сметаат: од вирусите -Human Papilloma Virusot- ХПВ (50% до 75% од сексуално активната популација се заразува со некој тип на HP Virus), а од бактериите: Chlamydia trachomatis- позната како причинител на „тиха епидемија“, која се детектира кај секој трет пациент, без оглед на полот. Најчеста е  на возраст од 17 до 25 години. Инфекција со оваа бактерија најчесто е  асимптоматска и може да доведе до сериозни компликации. Се смета за  водечка причина за стерилитет кај паровите.

Повеќето од сексуално преносливите болести (инфекции) се излечиви, ако се откријат на време. Симптомите може да се отсутни со месеци, па и со години, па затоа се препорачува годишен гинеколошки преглед, кај секоја сексуално активна жена (девојка) и кај сите што не се во моногамна врска. Постојат различни начини на тестирање и детекција на причинителите, и тоа преку: крв (серолошки), микробиолошки брисеви од грлото на матката и вагина, брис за ПАП тест, брис за типизација на HP Virusot…

Брис за ПАП тест

Брисот за Papanicolau – се зема од површината и од каналот на грлото на матката-cervix (егзо и ендоцервикален брис). Материјалот се нанесува на предметни стакленца, се фиксира, се транспортира до цитолошка лабораторија, каде се бои  и се гледа под микроскоп. Ова е едноставна ,безболна ,скрининг метода, со која се гледа дали постојат абнормални промени на клетките (премалигни – CIN или малигни промени на клетките на грлото на матката)  предизвикани од ХПВирусот. Се препорачува  секоја сексуално активна жена, без разлика на возраста, барем еднаш годишно да прави брис за ПАП тест. 

Брис за тестирање на Human Papilloma Virus(ХПВ)

HPV тестирањето -служи за докажување  и типизација на вирусот,ако е присутен.Постојат типови со низок онкоген ризик(предизвикуваат генитални брадавици-кондиломи) и висок онкоген ризик(може да иницираат развој на малигни  промени на клетките  ).Се зема брис или ткиво од грлото на матката ,кој се фиксира во специјален медиум  и така се транспортира до лабораторија,каде се врши детекција и генотипизација на вирусот со посебни методи (HPV DNK PCR метода-понова,поскапа и попрецизна метода,со висока сензитивност и специфичност од 95-98% ) .Кај пациентки,кај кои ќе се докаже присуство на високоризичен тип ХПВ,се препорачува  брис  за ПАП тест на секои 6 месеци.

Микробиолошки брисеви

Со микробиолошките брисеви од грлото на матката и вагината и нивна бактериолошка обработка, може да се докажат голем број на бактерии (chlamydia trachomatis, mycoplasma hominis, ureaplasma urealyticum, gardnerella vaginalis, GBS-бета хемолитичен стрептокок од гр.Б, neisseria  gonorrhoae, treponema pallidum  и др.), како и габични инфекции. Многу е важно брисот да е правилно земен, во одговарачки  подлоги, да се чува на соодветна температура и правилно и навремено да е транспортиран до микробиолошката лабораторија, што значи дека од негово земање до неговата обработка, треба да се обезбеди преживување на причинителот. Од особена важност се кај сите пациенти кои планираат бременост.

Единствен сигурен начин да знаете дали сте заразени од некоја сексуално пренослива болест т.е. инфекција, е да го посетите вашиот доктор  и да се тестирате, бидејќи компликациите може да бидат сериозни и кај двата пола. Ако се дијагностицира, терапијата е задолжителна за двајцата партнери.

Најдобра превенција се моногамни и долготрајни врски со неинфициран партнер. Кондомите се ефикасни, но сепак не се перфектни.

ДА СЕ ИМА ЗНАЕЊЕ И ИСТОТО ПРАВИЛНО ДА СЕ ИСКОРИСТИ, УБЕДЛИВО Е НАЈДОБАР НАЧИН ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД СИТЕ ОПАСНОСТИ КОИ ГИ НОСАТ СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИТЕ БОЛЕСТИ.  

СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ (ИНФЕКЦИИ) И БРЕМЕНОСТ

Важно е секоја трудница да се провери да не има некоја сексуално пренослива болест т.е. инфекција и да се третира ако има, бидејќи тие може да предизвикаат: спонтан абортус, предвремено прскање на воденикот и предвремено породување, може да преминат од мајката на плодот за време на бременоста или при самото породување и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми кај бебето. Се препорачува, секоја трудница, во првиот триместар од бременоста (идеално пред 10- та гестациска седмица), да се тестира за: микробиолошки брисеви, hepatit B, rubeola, sifilis i HIV, а во 36-та гестациска седмица, микробиолошки брис за SGB-стрептокок од група Б.

 

Д-р Вероника Кокоромановска - Специјалист по гинекологија и акушерство


 

 Eurolink Semejno 300x250px Google

 

 Babytol baner

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

 

Умбрела

 logo konceptmama