Вакцинација или имунизација е постапка која се применува за заштита на организмот од заразни болести. Вакцинацијата предизвикува зајакнување на одбраната на организмот кон одреден специфичен предизвикувач на болест.

Вакцинацијата се врши според календар за имунизација. Календарот се користи со цел детето да се заштити од болестите на кои најчесто е изложено на определена возраст. Кај нас постои правилник за вакцинирање и стандардизиран календар по кој се вакцинираат сите деца во Република Македонија. Вакцинирањето најпрво се врши во породилиштето (за хепатит Б и BCG против туберкулоза) во текот на првите денови по раѓањето, пред мајката и бебето да бидат пуштени дома. Понатаму, вакцинацијата според календарот за имунизација се врши во специјалните советувалишта за здраво дете, во рамките на поликлиниките и здравствените домови. Вакцинацијата е задолжителна и бесплатна за секое дете.

Вакцинацијата е една од најголемите придобивки на човештвото. И доколку заболат од одредена болест, симптомите и последиците кај децата што се вакцинирани се значително поблаги и немаат тешки последици. Вакцината, исто така, не го штити само детето кое е вакцинирано, туку и неговата околина. Доколку некое дете заболи од одредена болест, големиот процент на деца во околината кои се вакцинирани ја намалува можноста болеста да се рашири и да зафати поголеми размери.

Доказ за овој феномен на спречување на ширењето со помош на вакцинацијата е вариолата. Оваа болест имала страшни последици за човекот. Предизвикувала смрт кај 30 – 35% од вкупната популација и над 80% од сите заболени деца. Со помош на организираните кампањи за вакцинирање во целиот свет, успешно било спречено ширењето на болеста и таа е целосно искоренета во Декември 1979. Вариолата е единствената инфекција која човекот досега успеал целосно да ја искорени. Се претпоставува дека со помош на вакцинирањето истото би можело да се постигне и со некои други чести предизвикувачи на болест.

 

 

Додади коментар



Anti-spam: complete the taskJoomla CAPTCHA



efcni

Активностите на Здружението Лулка и на Клубот на родители на предвремено родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

Лулка Настани

loader