Банер

Кардиотокографијата се користи за регистрирање на четири параметри. Се испитуваат контракциите на матката и три мерки поврзани со работата на срцето на бебето: фреквенцијата, основната стапка и променливоста, т.е. забрзувањата и забавувањата на срцевата работа на фетусот.


Кардиотокографија или CTG претставува метода за истовремено следење на феталната срцева акција и контракциите на матката во текот на бременоста, поточно, во третото тромесечие од бременоста. Апаратот со кој се врши ова испитување се нарекува и електронски фетален монитор. CTG се користи за откривање и идентификување на пореметувањата на фетусот во третиот триместар од бременоста.

Погледнете неколку интересни слики од ултразвук!

Покрај редовните прегледи за следење на растот и развојот на бебето, со ултразвукот се постигнува уште една цел. Се постигнува и одреден степен на интимно зближување на мајката со своето бебе. Таа го гледа бебето и станува свесна за неговото постоење, движење, присуство. Бремената жена станува посигурна во себе и во своите способности да биде добра мајка во текот на бременоста и кога бебето ќе се роди.

Мерењето на растот на бебето во текот на бременоста се врши со помош на ултразвук. При прегледот на ехо се врши мерење на одредени стандардни мерки кои даваат најдобар приказ за состојбата на плодот.

Прегледот на ултразвук е безбедна и сосема безболна рутинска процедура која се прави повеќе пати во текот на бременоста. Намената на ултразвучниот преглед е докажување на бременоста и следење на растот и развојот на плодот.


Составен дел од прегледот кај гинекологот-акушер во текот на бременоста е и прегледот на ултразвук. Вообичаеното дводимензионално ехо сеуште има најголема примена во гинекологијата и акушерството и дава приказ на структурите во стомакот на мајката во две димензии (пресек во една рамнина).



efcni

Активностите на Здружението Лулка и на Клубот на родители на предвремено родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

Лулка Настани

loader