По претходниот текст во кој нашата корисничка Соња го опишува своето искуство со доењето, сега ни пишува за своите искуства и доењето една година подоцна, во време на пандемијата со Ковид-19 (COVID-19 - SARS COV-2).
„Многу ми е мило што организацијата Лулка го поттикнува доењето, а со тоа и мајчинството! Јас сум мајка за прв пат на едно палаво дете кое се вика Огнен. Тој пред една недела наполни една година и сѐ уште го дојам.“
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка
(01.08.2019)
Во пресрет на Светската недела на доењето 2019, која се одбележува секоја година од 1-7ми Август, Ве покануваме да се придружите кон глобалната цел – промоција, заштита и поддршка на доењето како биолошка норма, најдобар можен начин за хранење на бебето, важен предуслов за правилен раст и развој на секое новороденче и за лесно и квалитетно поврзување на родителите со своето бебе.
Напорите на организацијата Лулка за промоција, заштита и поддршка на доењето продолжуваат и понатаму. Во рамки на овие активности, Др Денис Ал Кхалили во име на организацијата Лулка гостуваше во емисијата 0м+ на ТВ Телма.