Напорите на организацијата Лулка за промоција, заштита и поддршка на доењето продолжуваат и понатаму. Во рамки на овие активности, Др Денис Ал Кхалили во име на организацијата Лулка гостуваше во емисијата 0м+ на ТВ Телма.
Голем број дилеми ги загрижуваат мајките кои допрва започнуваат да дојат или се подготвуваат за породување и за доење. Погледнете ја емисијата и информирајте се за начинот на доење, распоредот на подоите, интервалот помеѓу подоите во текот на денот и ноќта и други теми и дилеми. Меѓу другото, во емисијата се дискутираше и за:
- Дали при секое плачење мајката треба да ја понуди дојката?
- Што значи доење на однапред утврдено временско растојание и колку денес мајките дојат на таков начин?
- Како да се процени дали бебето е гладно или не?
- Што се случува кога мајката губи интерес за доење и преминува на дохрана со адаптирано млеко?
- Дали се случува бебето да се измори од плачење и потоа да не може да се одвива доењето со нормален тек?
Погледнете го видеото во продолжение...