Текстот кој го објавуваме е дел од документот WBTi Assesment report за Република Македонија. За десеттиот индикатор Механизми за следење и систем за евалуација, оцената која ја доби Македонија е 5. Овој индикатор се однесува на контролата, системот за управување со информации како дел од процесот на менаџирање и планирање.
Текстот кој го објавуваме е дел од документот WBTi Assesment report за Република Македонија. Следните 5 индикатори се однесуваат на практиките во врска со доењето, оцените се описни, а секој индикатор содржи коментар во врска со практиките кои се применуваат. Според податоците од MICS истражувањето, само 21% од новороденчињата се дојат во првиот час од раѓањето, додека 64% од бебињата започнуваат со доење во текот на првиот ден од раѓањето.
Маја Андоновска Илиевски – Актерка во НУ Народен театар-Битола го сподели со нас искуството со доењето на своето бебе. Иако доењето траело само четири месеци, таа вели дека и тие четири месеци многу и значеле, бидејќи бебето одлично напредувало. Според Маја, нема ништо поубаво од тоа да го доиш своето бебе кога тоа сака, каде сака и колку сака.
Николина Дојчиноска е мајка од Скопје која го дои своето тримесечно бебе. Во текот на бременоста посетувала работилници за доење и породување, што значително и го олеснило целиот процес. Според Николина, доењето е исконска поврзаност помеѓу мајката и бебето. „Многу е моќно како природата го извела сето тоа. Пријатно чувство, доењето овозможува зближување на мајката со бебето“ - вели таа.