Текстот кој го објавуваме е дел од документот WBTi Assesment report за Република Македонија. За третиот индикатор Имплементација на Меѓународниот код за рекламирање на замените за мајчино млеко, оцената која ја доби Македонија е 6 (шест). Овој индикатор се однесува на имплементацијата на Кодот во националната легислатива (во законите), контрола на спроведувањето на овие мерки и како Кодот се промовира и почитува.
Текстот кој го објавуваме е дел од документот WBTi Assesment report за Република Македонија. За четвртиот индикатор Заштита на мајчинството, оцената која ја доби Македонија е 6 (шест). Овој индикатор се однесува на должината на породилното отсуство, паузите за доење во тек на работното време, законските мерки за поттикнување на фирмите да го прилагодат работното место кон потребите за доење и за грижа за доенчиња и мали деца, како и ратификација на Европската легислатива за труд (ILO MPC No 183).
Доењето во Македонија е горлив проблем, со актуелните податоци кои се доста застарени, а кои информираат дека само 21% од мајките дојдат ексклузивно до 6 месеци, како што препорачуваат од Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и голем број педијатриски асоцијации и авторитети.
Во изминатиот период објавивме повеќе текстови кои се однесуваат или произлегуваат од Извештајот за проценката на состојбата со доењето во Република Македонија (WBTi – World Breastfeeding Trends Initiative). Оваа релативно објективна и меѓународно стандардизирана проценка на состојбата е објавена на веб-страницата на WBTi (http://worldbreastfeedingtrends.org/) и се однесува на 2017 година, во кој период е извршена проценката и добиен резултатот.