Одбележувањето на овој ден е потсетник за важноста на заедничкото делување на Министерството за здравство, здравствените институции, стручната јавност и родителите на предвреме родените бебиња, со цел секое предвреме родено бебе да добие шанса за здрав и сигурен почеток во животот. 

Овој ден потсетува на предизвиците со кои се соочуваат предвремено родените деца, но и на напорите што ги вложуваат здравствените власти, здравствените работници и институциите за да обезбедат подобри услови и повисоки стандарди во нивното лекување. 
 
Во оваа насока разговаравме и со министерот за здравство, Азир Алиу.
 

Во пресрет на 17 Ноември – Светскиот ден на предвременото породување – разговараме со д-р Денис Ал Кхалили, претседател на Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца „Лулка“. Веќе 16 години оваа организација претставува значаен столб во поддршката на трудниците, родителите и семејствата кои се соочуваат со предвремено породување. Во ова интервју зборуваме за значењето на Светскиот ден на предвременото породување, за организацијата Лулка, за успесите, предизвиците и приоритетите во неонаталната нега во Македонија. 

Пред неколку години, Александра и Мики се соочија со најтешкиот предизвик во својот живот – од две предвремеродени бебиња, само едно преживеа. Тоа беше болка што секој родител тешко може да ја опише, но токму во таа болка нивната љубов стана посилна, нивната надеж посветла. По некое време, животот им донесе второ чудо – уште две предвремеродени бебиња. Патот повторно беше тежок, со стравови, ноќни будења и секојдневна борба, но денес тие три чуда растат како весели, радосни деца, исполнувајќи го домот на Александра и Мики со смеа, топлина и неизмерна љубов.

Во пресрет на Светскиот ден на предвременото породување – 17 Ноември, разговараме со Проф.Д-р Силвана Наунова Тимовска, претседател на Здружението на неонатолози на Македонија. Во ова интервју, таа зборува за предизвиците, напредокот и идните насоки во неонаталната нега во нашата земја, како и за значењето на заедништвото меѓу семејствата, медицинските професионалци и институциите.