Многу важна улога во секојдневието на сите родители имаат установите и услугите кои ни се достапни. За да Ви помогнеме да се снајдете во новата родителска улога и обврски, Советот на родители на Лулка Ви обезбеди информации кои, се надеваме, ќе Ви го олеснат целиот процес на адаптација и ќе придонесеме за позитивно родителско искуство. Во продолжение следуваат повеќе корисни линкови:


profimedia 0158327957Информација за Утврдување на својство на осигурено лице за ЧЛЕНОВИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО на осигуреникот (носителот на осигурувањето), како и други информации за здравствено осигурување има на интернет-страната на ФЗО. Може да прочитате повеќе овде.

Информации за упис на новороденче и издавање на извод од матичната книга на родените ќе најдете на следниов линк. (Достапна е и верзија на барањето за принт.)

 

Повеќе информации за Патронажна дејност и поливалентна патронажа: Правилник за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување - член 44 од Правилникот.

На овој линк ќе добиете информации за Патронажната служба - Водич за родители (здравје, раст и развој на детето од 0 до 3 години). Во прирачникот (страна 8) е дефинирана фрекфенцијата на посета на патронажната мед. сестра. 

 

Брошура „Прирачник за позитивно родителство“ - На овој линк ќе најдете информации за начинот на одгледување и воспитување на децата.  

За да ги запазите периодите за вакцинација, односно имунизација на вашето дете, овде разгледајте го Календарот за имунизација  2018.

За да одберете матичен педијатар за Вашето новороденче или дете, може да ја погледнете листата на Доктори од примарна здравствена заштита / Педијатри, на следниот линк.

k2 5a187c1d edc8 4abb 87e1 22f2a27e8b8a.v1 

РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ - Стандарди за рано учење и развој на деца од 0 до 6 години - овие информации се достапни на следниот линк.

Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца е достапен на следниот линк.

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата може да го прочитате во овој документ.

Законските правила за поставување на детско седиште во автомобил се достапни на овој линк