Секоја мајка во текот на бременоста се интересира и сака да знае што се случува со нејзиното бебе, како изгледа во тој мемент, колку е големо (или мало), дали веќе почнало да работи неговото мало срценце. Ви претставуваме неколку карактеристики на плодот во текот на првите три месеци:
- До четвртата гестациска недела (четири седмици од почетокот на последната менструација) се случуваат промени во ембрионот кои овозможуваат понатамошен развој на сите органи и ткива. Во овој период ембрионот е долг околу 6,5 mm и сега е 10.000 пати поголем од јајце-клетката која била оплодена пред 4 недели;
- Во 4. и 5. недела од бременоста почнуваат да се формираат зачетоците на рацете и нозете, на очите и ушите, а малото и сеуште недоразвиено срце почнува да работи со правилен ритам;
- Во текот на 6. недела почнуваат да се разликуваат прстите на рацете и нозете;
- Во текот на 7. и 8. недела ембрионот е долг нешто помалку од 3 cm. Тој веќе се движи, но поради малите димензии мајката сеуште не го чувствува тоа. Кај момчињата веќе се појавува половиот орган. По навршувањето на првите осум недели од бременоста, плодот се нарекува фетус;
- Во текот на 9. до 12. недела од бременоста веќе се оформени лицето, рацете и нозете, и половите органи на бебето. На крајот на третиот месец фетусот е долг околу 7 cm, а тежи околу 20 до 25 грама. Тој е веќе дефиниран во смисла на структурирање на органите и диференцирање на клетките. Сите органи се веќе во зачеток. Срцевата акција може да се регистрира со апарат наречен ехо-доплер. Рацете со дланките и прстите, како и нозете со стапалата и ножните прсти се веќе оформени.