Ултразвучниот преглед, познат и како преглед на ехо, е дијагностичка метода која има големо значење во текот на бременоста. Со помош на ултразвукот се добива јасен приказ на плодот и структурите во матката во текот на целата бременост.

Предноста на овој преглед е во тоа што не е инвазивен и не е штетен за плодот и за мајката. Терминот неинвазивен во овој случај значи дека не се продира физички во телото на мајката и воопшто нема ризик за плодот и плодовите обвивки, спротивно на амниоцентезата. Што е ултразвучен преглед во бременоста? Тоа е преглед со кој докторот го прегледува плодот и структурите во матката. Апаратот работи на принцип на испраќање и примање на звучни бранови со висока фрекфенција кои немаат штетно влијание врз плодот и мајката. При допирање на сондата до кожата се добива слика на мониторот, пресек на структурите кои се наоѓаат во стомакот на мајката. Современиот ехо преглед овозможува прикажување на фетусот во матката, мерење на димензиите на бебето и прикажување на работата на неговото срце.

 

 

Ултразвучниот преглед во бременоста се користи за:

  • Дијагностицирање и потврдување на бременоста;
  • Утврдување на срцевата работа и виталноста на плодот;
  • Одредување на гестациската старост и мерење на растот на плодот;
  • Локализирање на плацентата во однос на другите структури во матката;
  • Дијагностицирање на вродените малформации;
  • Следење на количеството на плодовата вода и откривање на хидрамнион и олигохидрамнион (зголемено или намалено количество на плодова вода во матката)

Ехо прегледот најчесто се врши во 2D технологија. Денес, со развојот на технологијата се развиваат и нови имиџинг методи за прикажување на плодот, како што се 3D и 4D методите на  ултразвучен преглед. При тоа, се добива тродимензионална слика на бебето кое мрда во стомакот на мајката во реално време. Ова има многу големо значење за мајката и за интимната врска со бебето уште пред раѓањето.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama