Прегледот на ултразвук е безбедна и сосема безболна рутинска процедура која се прави повеќе пати во текот на бременоста. Намената на ултразвучниот преглед е докажување на бременоста и следење на растот и развојот на плодот.

Ехо апаратот се состои од два позначајни елементи – сонда и монитор.

 

Сондата е делот кој всушност ја врши целата работа и може да има различна форма во зависност од намената. Сондата испраќа и прима звучни бранови со висока фрекфенција (ултразвук). Брановите кои се одбиваат од различните структури во стомакот на мајката се регистрираат и обработуваат и се презентираат на монитрот во вид на слика. Во гинеколошко – акушерската пракса најчесто се користи абдоминална и вагинална сонда. Абдоминалната сонда ги прикажува структурите во матката со допирање врз стомакот на мајката. Вагиналната сонда има прилагодена форма и се вметнува во вагината во текот на прегледот. Вагиналната сонда се користи во раната бременост, и кај жените со повеќе масно ткиво, бидејќи обезбедува поблизок  пристап до матката и до плодот. За подобар контакт со кожата, на сондата се нанесува специјален гел кој обезбедува непречено примање и праќање на звучните бранови.

Мониторот или екранот е делот на кој се прикажуваат сликите кои ги регистрира сондата. Приказот е во реално време, а по потреба сликата може да се замрзне и да се испечати на хартија. Класичната ехо дијагностика се изведува во две димензии, а структурите се прикажуваат во црно бело. Кај 3D ултразвукот се добива единечна слика која ги покажува структурите во три димензии. Со поврзување на повеќе слики едноподруго се добива динамична тродимензионална слика (3D Live или 4D) на која плодот се движи, се проѕева, мрда со рацете и нозете, ги отвара и затвора очите и слично.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Голема благодарност за позајмените ултразвучни слики на Др. Оливера Арнаудова (ПЗУ Деметра Медикал - Скопје)


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama