Определувањето на терминот за породување е многу важно. Тоа се прави уште на првиот преглед, откако ќе дознаете дека сте бремени. Денес, повеќе од кога било е важно одредувањето на гестациската старост на бебето и определувањето на терминот за породување.

Ова произлегува од потребата за постојано следење на растот и развојот на бебето, како и од осовременувањето на методите за преглед во текот на бременоста. Како ќе го одредите терминот за породување? Можете да се послужите со добро познатата Nаеgelе – ова формула која се користи веќе 150 години:

На датумот кога започнала последната менструација му се додаваат 7 дена, па од овој датум се одземаат 3 календарски месеци. Датумот кој ќе се добие е веројатниот терминот за породување.

Пример: Посл.Менстр. (1. Ноември 2009 год.)  +  7 дена  =>  (8. Ноември 2009 год.)

(8. Ноември 2009)  –  3 месеци  =>  (8. Август 2010 год.)

Значи, веројатниот термин за породување е 08.08.2010 год.

Мора да се нагласи дека оваа формула се базира на овулација на 14. ден и редовен циклус кој трае 28 дена. Постојат случаи кога циклусот трае подолго или пократко од 28 дена, а и овулацијата може да не настане точно на 14. ден од месечниот циклус. Веројатниот термин за породување може да се открие и со помош на ултразвук, во текот на прегледот кај вашиот гинеколог-акушер.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama