Мајчинството започнува од моментот кога оплоденото јајце во мајчиното тело почнува да се развива во нов организам. Од тој час почнува основната биолошка функција на мајката. Таа го штити, го храни плодот, овозможувајќи му раст и развој. Овој основен вид на биолошко мајчинство има и своја психолошка страна.

alt

Уште во овој период мајката го прифаќа и го подджува во своите мисли или пак има негативни чувства кон детето што ќе се роди. Позитивниот однос почнува уште со желбата и со одлуката да се зачне и да се роди дете. Со раѓањето почнува еден нов квалитет на мајчинството, при што, покрај љубовта,  мајката му овозможува и сигурност на детето. Задоволувајќи ги овие две основни психички потреби мајката веќе ги поставува темелите за здрав душевен развој на детето. Љубовта со мајката се изедначува со душевна храна,  т.е го "храни" кај детето чувството дека е прифатено, сакано во средината, при што го изградува кај него чувството на сигурност и на самопочитување. Емоционалната топлина, нежноста, грижата, разбирањето и добронамерноста со која мајката го опкружува детето се ненадоместлива "храна" и понатамошна потпора на неговото душевно здравје. Мајчинската љубов е капитал од кој детето целиот живот ќе исплаќа камати на својата околина, во смисла на конструктивен став спрема неа. Тоа е голема енергетска залиха во психата на малиот човек, од која тој црпи енергија со чија помош ќе стане општествено битие.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama