Премореност, замор, изнемоштеност – како и да го наречете, тоа е (буквално) жива досада. Еве што го предизвикува заморот во текот на бременоста и што можете Вие да направите во врска со тоа.
Труднички замор – Што е тоа
Очигледното исчезнување на вашето „стани-тргни“, кое се чини дека станало и тргнало.
Труднички замор – Од што е предизвикан
Бременоста е еден вид на качување по планина или трчање маратон (без претходен тренинг), додека носите ранец кој од ден на ден сè повеќе тежи – со други зборови, тешка работа! Во текот на првото тримесечје од бременоста, големо количество енергија оди во градење на систем за животна поддршка за вашето бебе (имено плацента). Во третото тримесечје од бременоста заморот се враќа бидејќи фетусот кој расте во вас има сè повеќе барања од вашето тело и бидејќи спиењето станува мисловна именка. Исто и променливото расположение има свој удел – возењето на „емоционалниот ролер костер“ може да биде исцрпувачко. Не е чудо што сте „претепани“.
Труднички замор – Што треба да знаете
До крајот на првото тримесечје, вашето тело веќе ќе ја има сработено Херкуловата задача на создавање на плацентата и повеќе ќе се навикне на хормоналните и емоционалните промени кои се појавиле. Второто тримесечје е обично време на обновување на енергијата, но внимавајте: Заморот може да се врати со доза на „одмазда“ во последното тримесечје.
Труднички замор – Што можете да сторите вие во врска со тоа
Слушајте го вашето тело. Ако сте заморени, одморете се. Бидете одмерени, имајте го на ум гласот на вашето тело – и не се обидувајте да бидете „супер“ трудница. Оставете ги садовите да почекаат малку, свртете го погледот од прашината што се нафатила на телевизорот (кој инаку секој ден го бришете)... Не закажувајте активности – или „генералки“ по дома- кои не се неопходни. Никогаш не сте дремнувале? Нема да има подобро време од сега да ја испробате дремката.
Побарајте помош. Немојте да глумите мајка – маченик. Покажете му на вашиот партнер колку сте исцрпени, па и тој ферски да поработи малку. Ако ве прашат пријателите или семејството дали може да ви помогнат , кажете ДА – секогаш! Ако имате другарка која наместо вас ќе купи намирници, тоа значи дека всушност ќе имате повеќе време и енергија да се одвлечкате на прошетка (да попешачите – што е исклучително важно во текот на бременоста) пред да се одвлечкате во кревет.
Спијте повеќе. Ако сте спанка, извлечете го максимумот ( да – тоа може да е очигледно – но не значи дека се покорувате) Ако е воопшто можно, одете во кревет порано, или поспијте подолго наутро – или и двете.
Со љубов за сите трудници,
Стефи :)