Дали сте знаеле дека и татковците можат да ги почувствуваат сите симптоми на бременоста? Да, на некој начин и тие знаат да бидат ‘бремени заедно со мајката’.

Sliki net20Couvade syndrome  е состојба во која таткото ги доживува симптомите на бременоста како што се зголемување на тежината, несоница, гадење или промени во расположение. Според студија од 2005 година, дури 90% од татковците доживуваат барем еден од симптомите на својата партнерка. Во САД се евидентирани повеќе случаи на синдромот на ‘татковска бременост’. Најексплицитниот случај на овој синдром е кога еден од татковците изјавил дека почувствувал силни болки во абдоменот за време на породувањето на неговата сопруга. Исто така на оваа проблематика се направени поголем број на истражувања и напишани се повеќе трудови кои ја докажуваат оваа состојба.

Од друга страна, патологијата на овој синдром неможе да се побие. Односно, за многумина ова е состојба предизвикана исклучиво несвесно. Според  The Journal of Reproductive and Infant Psychology бременоста е состојба во која татковците се чувствуваат исклучени и непотребни, па од тука со овој синдром ја искажуваат несвесната завист кон мајката за можноста да биде бремена.

Sliki net22Други сметаат дека овој синдром е резултат на физички причинители. Татковците исто така се возбудени поради претстојните промени во животот, и поради тој позитивен стрес јадат повеќе, или бидејќи и мајката јаде повеќе. Кога се зголемува тежината пак, маститите го претвораат тестостеронот во естроген, а естрогенот  е причина за промени во расположението и гадење. Додека пак синдромот на инсомнија (губење на сонот) е поврзан со претходно споменатата промена во расположението. Што е лекот? Разговарајте  со вашата парнерка, одете на заедничка масажа, одете на прошетки и сл.

Совет до трудниците! Не ги потценувајте промените кои се случуваат кај таткото. Несомнено поголемиот товар во текот на бременоста и раното мајчинство паѓа на мајката, но тоа што мажите природно се оневозможени да ја преживеат бременоста физилошки, не ги прави несензибилни на таа тема.

Напротив, се повеќе татковци, се вклучуваат во заедничките обуки и курсеви за родителство, што е за поздрав. Се почесто татковците сакаат да присуствуваат на раѓањето на своите деца, што е тема за која во друга прилика ќе стане збор. Потребата од взаемна поддршка за време на чекањето на приновата е голема.  Доказ за тоа се ваквите симптоми и синдроми. Следен пат кога ќе го обвините вашиот партнер за нешто небулозно во текот на бременоста, земете ја во предвид и неговата емоционална состојба и бидете тука еден за друг.

 

Автор на текстот: Николина Дојчиноска - Психолог