Појавата на раѓање близнаци е интересен феномен на природата. При тоа во матката на мајката истовремено се развиваат две или повеќе бебиња. Најчеста појава е близначката бременост, при што два фетуси растат и се развиваат истовремено во утробата на мајката.

Постојат еднојајчени и двојајчени близнаци. За да настане близначка бременост со двојајчени близнаци, неоходно е јајниците на жената да ослободат две јајце-клетки истовремено. При тоа двете јајце-клетки биваат оплодени од два различни сперматозоиди и обете се вгнездуваат во ѕидот на матката. Двете бебиња кои растат во матката имаат одделна плацента и целосно одделен развој. Бидејќи се настанати од две јајце-клетки и два сперматозоиди, бебињата не се исти по раѓањето. Може да бидат и различен пол, доколку едната јајце-клетка е оплодена со X, а другата со Y хромозом / сперматозоид.
Кај еднојајчената близначка бременост двете бебиња настануваат од една јајце клетка и еден сперматозоид. Овие бебиња имаат ист генетски код, по раѓањето се идентични и делат една плацента. Двете бебиња живеат во близок контакт, во истата плодова вода. Овие близнаци имаат ист генетски запис, секогаш се ист пол, а единствените разлики ги стекнуваат во текот на развојот поради различните услови во средината во која живеат.


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama