Една од трите програмски насоки на кои работи организацијата Лулка е промоција, заштита и поддршка на доењето во Република Македонија. Лулка работи на обезбедување соодветни информации за трудниците во текот на бременоста и поддршка на доењето по породувањето.

Др Денис Ал Кхалили – специјалист педијатар и претседател на организацијата Лулка, предавач на работилниците за доење кои ги организира Лулка, вели дека доењето е сосем природен однос помеѓу мајката и бебето, кој е пожелно да започне веднаш по раѓањето, за да може за краток период од неколку дена, мајката да обезбеди храна и целокупна поддршка за малото новороденче.

Напорите на организацијата Лулка за промоција, заштита и поддршка на доењето продолжуваат и понатаму. Во рамки на овие активности, Др Денис Ал Кхалили во име на организацијата Лулка гостуваше во емисијата 0м+ на ТВ Телма.

Текстот кој го објавуваме е дел од документот WBTi Assesment report за Република Македонија. Следните 5 индикатори се однесуваат на практиките во врска со доењето, оцените се описни, а секој индикатор содржи коментар во врска со практиките кои се применуваат. Според податоците од MICS истражувањето, само 21% од новороденчињата се дојат во првиот час од раѓањето, додека 64% од бебињата започнуваат со доење во текот на првиот ден од раѓањето.

Зад нас е уште една Светска недела на доењето. Организацијата Лулка како застапник (endorser) на WABA во Република Македонија, ја одбележа Светската недела на доењето од 01. до 07-ми Август 2018 година и спроведе низа активности за заштита, промоција и поддршка на доењето.

Текстот кој го објавуваме е дел од документот WBTi Assesment report за Република Македонија. За десеттиот индикатор Механизми за следење и систем за евалуација, оцената која ја доби Македонија е 5. Овој индикатор се однесува на контролата, системот за управување со информации како дел од процесот на менаџирање и планирање.

Започна Светската недела на доењето и трае од 1-ви до 7-ми Август. Организацијата Лулка и оваа година за Вас обезбеди многу информации, интервјуа со мајки кои дојат/доеле, текстови за состојбата со доењето во Република Македонија, интересни новини во врска со движењето за заштита и промоција на доењето на глобално ниво...

Текстот кој го објавуваме е дел од документот WBTi Assesment report за Република Македонија. За деветтиот индикатор Хранење на новороденчињата и малите деца во кризни состојби, оцената која ја доби Македонија е 7,5. Овој индикатор се однесува на политиките и програмите за исхраната на доенче и мало дете во состојба на катастрофа и интегрираноста на материјали на оваа тема во курикулумите на студиска обука и обука на вработените во здравствените установи, во рамки на кризниот менаџмент.