Текстот кој го објавуваме е дел од документот WBTi Assesment report за Република Македонија. За петтиот индикатор Грижа за здравјето и исхраната (системи кои го поддржуваат доењето и правилната исхрана на доенчињата и малите деца – IYCF), оцената која ја доби Македонија е 6,5. Овој индикатор се однесува на медицинските школи и програмите за едукација на здравствените професионалци во тек на студиите, постоењето на стандарди и упатства за породување прилагодено кон потребите на мајката и програми за стручно усовршување на персоналот кој веќе работи во здравствените установи.
Извор на информациите:
Оргиналниот извештај може да го погледнете на http://worldbreastfeedingtrends.org/ или на следниот линк: Macedonia Report card 2017 и Assessment report Macedonia. Повеќе информации за севкупниот процес на оценување прочитајте во нашиот претходен текст Проценка на состојбата со доењето во Македонија.
Заклучок од извештајот за WBTi Индикатор 5 - Грижа за здравјето и исхраната
Анализaтa на содржините на курикулумот во образовните институции (во рамки на процесот на едукација/студирање) ги покажа следните особености:
Анализaтa на содржините на курикулумот во образовните институции (во рамки на процесот на едукација/студирање) ги покажа следните особености: Доењето/исхраната на доенчињата и малите деца (IYCF – Infant and Young Child Feeding) е дел од курикулумот на двете универзитетски институции (студии на медицина и високите медицински школи), како и од наставните планови на после дипломските студии (специјализација по педијатрија, семејна медицина, акушерска школа); Некои катедри немаат дефинирани образовни цели; Деталната содржина на курикулумите не е достапна, па комплетната анализа направена според темите во Прилогот 5.1 не е можна; Темите во врска со доењето се застапени во различни наставни предмети, како педијатрија, гинекологија и акушерство, семејна медицина, патронажна здравствена заштита.
Најчести теми кои се дел од образовните програми се: нега и поддршка за време на пренаталниот период; советување за доење, концептот на Болници пријателки на бебињата на УНИЦЕФ/СЗО, справување со вообичаените проблеми во текот на доењето; отсуство на менструален циклус при доење (лактациска аменореа), контрацепцијата и доењето.
Анализа на содржинaтa на едукативните програми за вработените (континуирана едукација на кадарот):
Содржината на овие курикулуми е поразбирлива и ориентирана e кон стекнување на вештини: придобивки од доењето, знаци за успешно доење, превенција и справување со вообичаените проблеми при доењето, лактациска аменореа, контрацепција и доење, Меѓународниот код за маркетинг на замените за мајчиното млеко, одговорноста на здравствениот систем и на здравствените работници во однос на Кодот. Овие обуки се организираат секоја година за различни даватели на услуги од областа на здравството (патронажни сестри и персонал од родилиштата – неонатолози и медицински сестри/акушерки) и се финансираат преку годишната програма на Министерството за здравство. Овие обуки се дел од процесот на континуиран професионален развој на здравствените работници кои работат со бремени жени, мајки и мали деца и имаат појасни цели при проширување на нивните знаења и вештини неопходни за поддршка на доењето и правилната исхрана на детето.
Анализи на постоечките технички упатства:
Во 2015 година, за прв пат се подготвени/превземени клинички упатства кои ќе се користат како упатства базирани на докази наменети за здравствените работници, за советување за доењето и за справување со најчестите проблеми при доењето. Овие упатства се целосно прифатени од страна на работната група делегирана од Министерот за здравство, која е одговорна за подготовка на клинички упатства засновани на докази. Автор на упатствата е Финското здружение на лекари и истите се креирани во 2012 година. Како прв чекор за имплементација, упатствата се одобрени од страна на Министерот за здравство, објавени во Службен весник и поставени на веб-страницата на Министарството за здравство.
Вториот документ кој е подготвен, но сеуште не е одобрен од Министерството за здравство, се Стандардите за патронажни сестри, каде меѓу другото, детално се опишани одговорностите на патронажните сестри во однос на доењето, и упатствата може да послужат како насоки за нивната практична работа.Вториот документ кој е подготвен, но сеуште не е одобрен од Министерството за здравство, се Стандардите за патронажни сестри, каде меѓу другото, детално се опишани одговорностите на патронажните сестри во однос на доењето, и упатствата може да послужат како насоки за нивната практична работа.
Да заклучиме, доењето е дел од програмите за обука за сите даватели на услуги во здравството кои се во контакт со мајките (медицински сестри, семејни лекари, педијатри, гинеколози) и истото е интегрирано на различни нивоа во образованието (универзитетско, постдипломско образование, на работното место како континуирана медицинска едукација) и во различни технички документи.
Но сепак, доењето/глобалната стратегија за исхрана на доенчиња и мали деца (IYCF) сеуште не e инкорпориранo во образовните програми на разбирлив и организиран начин, и не им дозволува на давателите на здравствени услуги да се здобијат со доволно практични вештини за советување за доењето и справување со лактацијата, додека имплементацијата на техничките упатства е сеуште во рана фаза.
Недостатоци:
- Во повеќето образовни програми на универзитетско ниво, нема развиено цели на учењето – што треба да се постигне со совладување на одреден предмет или тема; Содржините не се доволно разбирливи и најчесто се фокусирани на опис на процесот на лактација и справување со проблемите при доењето.
- Политиките за доење како што се критериумите на Baby-Friendly иницијативата и Кодот, се ретко застапени или комплетно отсутни. Наставните програми им овозможуваат на професионалците од областа на здравството да се стекнат со теоретско знаење, но не и да формираат став и да добијат практични вештини, вклучувајќи ги и комуникациските вештини. Најголемиот број здравствени работници досега немале можност да поминат обука за нивната одговорност поврзана со имплементацијата на Кодот и на други национални регулативи во однос на Глобалната стратегија за исхрана на доенчиња и мали деца (IYCF/доење), бидејќи како теми тие не се достапни во сите наставни планови.
- Наставните планови за континуирана едукација на работното место се поразбирливи и вклучуваат комуникациски вештини, вакви обуки се достапни за професионалците од областа на здравството на национално ниво, но времетраењето на предавањата (еднодневна обука) не е доволно и не е соодветно на поставените стандарди (40 часа).
- Подготвените упатства не се придружени со екстензивни обуки и работилници за потенцијалните корисници.
- Нема постоечки механизми кои ќе ја раководат имплементацијата на упатствата во пракса, како на пример развивање на алгоритам, механизми за клиничка ревизија итн. Освен тоа, клиничките упатства не се адаптирани на локалниот контекст (на организациските карактеристики, културните верувања итн).
- Постои недостаток на координација помеѓу сите страни вклучени во системот за здравствена заштина и исхрана (образовните институции, Министерството за здравство, професионалните организации, менаџерите во здравството, организациите на Обединетите Нации, невладините организации, здруженијата на мајки итн).
Препораки:
- Да се направи длабока анализа на содржините на наставните програми, во насока на тоа дали тие се соодветни на најновите препораки кои се засновани на докази, и дали постои оптимален сооднос помеѓу теоретскиот и практичниот дел.
- Развивање на основни критериуми и наставни планови за обука на лактациски консултант, и вметнување на оваа професија во листата на постоечки професии во здравството.
- Воспоставување подобра координација помеѓу професионалните организации, образовните институции, Министерството за здравство, менаџерите во здравството.
- Зајакнување на акушерките, како дел од напорите за унапредување на човечките ресурси во здравство.
Превод: Александра Сарџоска (Преводот е изработен на волонтерска основа)
Уредување: Др Денис Ал Кхалили – Специјалист педијатар
___________________________________________________________________________
* Една од трите главни програмски насоки на Организацијата Лулка е промоција, заштита и поддршка на доењето. Лулка го промовира доењето во Македонија од 2011 година, преку едукација на трудници и доилки, соработка со WABA и одбележување на Светската недела на доењето секоја година.