Пандемијата со Коронавирус/КОВИД-19 создаде големи предизвици, особено во процесот на негата на најранливите групи на пациенти – како што се болните и предвреме родените бебиња. Со ова истражување сакаме да ги испитаме искуствата на родителите поврзани со овие предизвици, бидејќи родителите имаат важна улога во негата на нивното бебе, не само дома, туку и во текот на лекувањето во болница.

 

Влијанието на Коронавирусот/КОВИД-19 на специјалното/интензивно лекување на новородените – од родителска гледна точкаCOVID 19 Survey SocialMedia Post

Пандемијата со Коронавирус/КОВИД-19 создаде големи предизвици, особено во процесот на негата на најранливите групи на пациенти – како што се болните и предвреме родените бебиња. 

Затоа ги замолуваме сите оние родители на болно или предвреме родено бебе родено во текот на пандемијата со Коронавирус/КОВИД-19 да го пополнат овој прашалник, кој е достапен на 21 јазик, меѓу кои и на македонски: 

https://de.surveymonkey.com/r/NewbornCov19?lang=mk

Ова истражување се спроведува од страна на Одделот за научни работи на European Foundation for the Care of Newborn Infants (EFCNI) (www.efcni.org) во соработка со претставници на родителските организации, COINN (Council of International Neonatal Nurses), ESPR (European Society for Paediatric Research), NIDCAP (Newborn Individualized Developmental Care and Assessment Program), и UENPS (Union of European Neonatal & Perinatal Societies). Ако имате прашања, коментари или забелешки за истражувањето, Ве молиме да не контактирате на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Етичкиот комитет на Maastricht UMC+ (Maastricht University Medical Centre+) официјално потврди дека нема потреба од етичко одобрување.

Ви благодариме за учеството и поддршката!

 

European Foundation for the Care of Newborn Infants (EFCNI)

Global Alliance for Newborn Care (GLANCE)

 

Во соработка со:  

Poddrzuvaci