Пандемијата со COVID-19 е раширена во сите држави низ целиот свет, а ние сме загрижени за најранливите групи на пациенти, затоа што би можеле да бидат изложени и на најголем ризик. Сепак, во моментов нема причина за загриженост, бидејќи се чини дека бебињата, како термински, така и предвреме родени, не се главната цел на овој вирус, информација која влева одреден степен на сигурност. Прочитајте повеќе на оваа тема во интервјуто со Професор Christoph Bührer.
Овој сет на најчесто поставувани прашања е наменет да биде водич, да Ви даде насока и информации, но не може и не смее да биде замена за исцрпна дискусија со Вашиот доктор, акушерка или медицинска сестра. Ве молиме, забележете ги сите Ваши прашања кои ќе произлезат од темите опфатени тука, за да може со Вашиот доктор, акушерка или медицинска сестра да ги разјасните при следната посета.
За подетални, прецизни и ажурирани информации за COVID-19, Ве молиме да ги посетите веб-страниците на националните здравствени институции или веб-страната на Светска здравствена организација (СЗО). Интернет-страната на СЗО содржи информации на повеќе јазици.
Процедурите за справување со пандемијата варираат од држава до држава, па дури и помеѓу болниците во иста држава. Ве молиме, бидете во тек со информациите и националните регулативи, кои вообичаено ги обезбедуваат националните здравствени власти, а останете и во контакт со тимот на лекари кои се одговорни за Вас, за да знаете како тие ќе продолжат да работат. Некои од нив, може да понудат поддршка дури и преку дигитални канали (on-line алатки).
Во периодот на одржување социјална дистанца, можеби ќе пропуштите дел од информациите кои инаку би си ги размениле со другите родители кои се во иста ситуација како што сте Вие. Дали знаете дека постојат национални родителски организации, формални или неформални родителски групи во скоро сите држави во светот? Некои платформи нудат вебинари и организираат групни средби преку интернет, со видео пренос во живо или преку пораки. Ви препорачуваме е да им се обратите. Ова е листа на родителските организации со кои работиме.
Сетот на најчесто поставувани прашања коj го креиравме за Вас, не би можел да се финализира без поддршката од професорот Christoph Bührer – медицински директор на Одделот за неонатологија во болницата Charité, Berlin и д-р Dietmar Schlembach, раководител на Oдделот за акушерство и гинекологија на клиниката Vivantes Clinic Berlin-Neukölln.
До прашањата и одговорите од различните тематски области од интерес може да пристапите од тука, или да ги прочитате како посебен текст на нашата веб-страна:
Бременост во време на COVID-19
Породување во време на COVID-19
Доење и употреба на донирано мајчино млеко во време на COVID-19
Неонаталната интензивна нега (NICU) во време на COVID-19
Отпуштање од болница и следење на состојбата во време на COVID-19
Забелешка: Информациите последен пат се ажурирани на 24.09.2020 година.