Организацијата Лулка на својата веб-страна ги запраша корисниците за начинот на кој се породиле. Целта на ова прашање беше да се добие информација за ова важно прашање, но и да се поттикне дебата за тоа кои се предностите на спонтаното породување пред породувањето со царски рез.

Коментар на анкетата за начинот на породување спроведена од страна на организацијата ЛУЛКА

Анкетираните на поставеното прашање „ Како се породивте ?„ ги дале следните одговори:

А) вагинално - 50,8 % (153)

Б) со царски рез - 35.9 % (108)

В) вагинално со анестезија - 13,3 % ( 40)

Секако дека добиените резултати соодвествуваат на реалната ситуација во Р.Македонија. Имено, не само во Македонија, туку генерално во светски рамки последната декада се регистрира една тенденција на зголемен процент на оперативно завршување на раѓањето со царски рез.

Процентот на царски рез се движи од легендарно најнискиот од  5-6% во болницата во Даблин Ирска, се до фантастичните 80-90 % раѓања завршени со царски рез во голем дел од приватните болници во  Бразил, како и некои регини на Европската унија ( на пример Северна Италија). Пред една декада проценката беше дека реална индикација за царски рез постои кај 15 -18 % од раѓањата. Во тој период овој процент беше застапен  и во Р. Македонија.

Отворањето на приватните здравствени установи и родилишта, пополека почна да носи нови тенденции. Се повеќе акушерите се ориентирани кон посигурен / побезбеден начин на завршување на раѓањето. Поради очекувањата на пациентите, потребата да се заштитат од евентуалните тужби ( подолго време тренд во западните демократии), како и притиснати од се поприсутната „желба„ на родилките да раѓаат со царски рез, последната декада се карактеризира со зголемен процент на завршување на раѓањата со царски рез,  со над 40%. Тоа пред се е манифестно во приватните болници.

Во секој случај во анкетата зачудува малиот број на раѓања со аналгезија ( спинална или епидурална), која во последнава декада во светски рамки станува рутина, а не луксуз. Според моите сознанија обезболувањето за време на раѓањето е речиси рутинска процедура во приватните болници во Р. Македонија.

Ако ме прашате за мојот личен став, јас секогаш преферирам , ако е се во ред, раѓање пер виас вагиналис, во зависност од наодот со епидурална или спинална аналгезија. Секако дека со самото тоа што работам во приватна здравствена установа сум можеби повнимателен и доколку проценам дека нешто не е во ред со процесот на раѓање, се трудам навремено да направам проценка и да поставам индикација за царски рез, со цел да го минимизирам перинаталниот морбидитет и морталитет. Според досегашното искуство, ова е начинот на однесување на лекарите кои работат во приватните гинеколошко акушерски болници.

 

Др. Митко Ивановски - Спец. гинеколог акушер

 

 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama