Текстот е реакција на една активистка за поддршка на предвреме родените бебиња и нивните семејства од Ирска, по нејзината посета на две единици за Неонатална интензивна нега во Унгарија. Овој текст го заобиколи светот за само неколку дена. Оргиналниот пост ќе го најдете на следниот линк https://www.facebook.com/mandy.daly1/posts/10213447690338819 

 

Оваа недела бев сведок на „пеколот“ и „рајот“ во неонаталната интензивна нега во Европа (Унгарија). Два оддели за Неонатална интензивна нега на меѓусебно растојание помало од 1 km. Едниот оддел практикува нега насочена кон семејството (Family centered care), подобро дури и од ирските Оддели за неонатална интензивна нега...

 

Slika web5... на другиот оддел беше демонстрирано бесрамно непочитување на процедурите за миење на раце и контрола на инфекции, одбивајќи да им дозволи на семејствата да си ги посетуваат бебињата, одбивајќи да им дозволи на семејствата да ги држат своите бебиња, одбивајќи да им дозволи нега со контакт кожа-на-кожа. Мали седирани бебиња кои се оставени без развојна поддршка, без нежен човечки допир, особено едно новороденче од 250g претставено од Раководителот на одделот како трофеј, додека тие си експериментираат за да го одржат во живот!!! Каде исчезнаа етиката и моралот? Да биде состојбата уште пострашна, немаше ниту една сестра присутна покрај инкубаторот. Сите беа собрани на сестринскиот пулт и си разговараа, а една од нив дури читаше и каталог од Авон.

Молкот во текот на посетата беше прекинат од „исценирано“ доаѓање на една мајка и нејзиниот 2-годишен син кој кога се родил имал само 25 недели и 390 грама, кој претставува уште еден трофеј на единицата. Со неверување ја слушав Раководителката на одделот, која кажуваше дека ова НОРМАЛНО МОМЧЕ некогаш било пациент во нејзината единица и „напредува сосема добро, зар не?“ ...Мхм... ова „нормално“ (тоа беа нејзини зборови, не мои) мало момче има евидентна микроцефалија, тешко заостанување во растот и изразено когнитивно заостанување".
Додека шетавме низ одделот, бев сведок на тоа како Раководителката на одделот на секој инкубатор ги остава своите клучеви полни со бактерии, без ниеднаш да употреби алкохол за да ги дезинфицира рацете, изјавувајќи дека „не можеме да ги лекуваме бебињата доколку родителите се присутни во единицата“ и зборувајќи толку гласно што дури и мене ме болеа ушите... а да не спомнувам за осетливите уши на малите неразвиени предвреме родени бебиња, кои се наоѓаа на само неколку сантиметри пред неа. Додека таа гордо не носеше на тура низ нејзиниот циркус, ми го скрши срцето на 1000 парчиња.
Само еднаш до сега сум била така шокирана (на денот кога дознавме дека може да ја изгубиме нашата Амелија, пред 11 години) и не ни помислував дека нешто слично на тоа ќе искусам повторно… Но ете се случи, и згрозена сум што некои луѓе можат да го омаловажуваат човечкиот живот на ваков начин.

 

До двајцата доктори во прекрасната рајска единица за неонатална интензивна нега: Ве молам, Ве молам продолжете да отскокнувате од нормите во вашата земја и практикувајте го концептот на Family Centred Care (нега насочена кон семејството). Продолжете да ги почитувате бебињата и нивните семејства и продолжете да делувате, затоа што, иако мислите дека промените не се одвиваат толку брзо колку што сакате, ВИЕ правите разлика, и без пионери како Вас, малите бебиња ќе продолжат да умираат.