Организацијата Лулка активно е вклучена во процесот на креирање на стандарди за грижа на новородените и предвреме родените бебиња на ниво на Европа. Преку серија текстови во следниот период ќе Ве запознаеме со тематските области за кои се креираат стандардите.
Паралелно со ова, работиме на воспоставување комуникација со стручните здруженија во Македонија и со Министерството за здравство, со цел информирање и имплементирање на овие стандарди и во нашата држава. Повеќе информации за проектот на следниот линк.
Процедури при негување и лекување
Процедурите при негата и лекувањето на предвреме родените и болните новородени е четвртата тематска област за која се креираат стандарди во рамки на Европскиот проект Standards of care for newborn health. Оваа тема се однесува на потребите за нега кои ги има предвреме роденото и болното новородено и ги сумира соодветните техники.
Клинете за повеќе информации...
Следење и континуирана нега
Следење и континуирана нега е петтата тематска област за која се креираат стандарди во рамки на Европскиот проект Standards of care for newborn health. Оваа тема се однесува на негата и третманот на бебињата по отпуштањето од болница и ги идентификува централните области за испитување, со цел рана идентификација, овозможување на рана интервенција и оптимално справување со потребата од здравствена заштита.
Клинете за повеќе информации...
Исхрана
Исхраната е уште една тематска област за која се креираат стандарди во рамки на Европскиот проект Standards of care for newborn health. Оваа тема се однесува на посебните нутритивни потреби на предвреме родените и болните новородени во текот на престојот во болница и по доаѓањето дома.