Хемангиомот е вид на белег кој се појавува кога заплеткани крвни садови ќе пораснат на површината на кожата или под неа. Хемангиомите обично се појавуваат неколку дена или недели по раѓањето на бебето. Ако бебето се роди со хемангиом, тогаш станува збор за друг вид на хемангиоми кои се третираат на сосема поразличен начин и се вродени, т.е настанале за време на бременоста и развојот на фетусот во утробата на мајката. Вродените хемангиоми се многу поретки.

Постојат два вида на хемангиоми:

  • Површински (кои растат на површината на кожата и имаат изглед на јаготка);
  • Длабоки хемангиоми (растат под кожата и обично ја подигаат површината на кожата и имаат модар или виолетов врв).

81529165 1215901081932451 1611587079395868672 n

 

Хемангиомите можат да се развијат и во внатрешните органи, како бубрези, бели дробови, мозокот... Најголемиот дел од хемангиомите растат брзо и се зголемуваат најмногу во првите 3 месеци од животот на бебето, за подоцна да почнат да се намалуваат. Намалувањето обично започнува кон крајот на првата годинка, па може да трае до седмата година од животот и целосно да исчезне или да не се забележува повеќе. Бидејќи хемангиомите растат и се менуваат, тие спаѓаат во групата на бенигни тумори, но не во групата на рак (малигни тумори), бидејќи не се пренесуваат на други делови од телото, а не се преносливи и на други луѓе. Причината за настанување на хемангиомите е непозната !

Инфантилните хемангиоми се најзастапени кај предвремено родените бебиња, со ниска телесна тежина, кај повеќеплодни бремености (близнаци, тројки...).
Хемангиомите се дијагностицираат најчесто според изгледот и периодот кога се појавиле, а ако лекарот препорача може да се направи и магнетна резонанца за да се види до каде продира хемангиомот и да не оштети некој од внатрешните органи.


Како се третираат хемангионите?


Најчесто хемангиомите не се третираат, бидејќи кожата ќе изгледа подобро ако хемангиомот се намали сам. Ако хемангиомот крвари или предизвикува проблеми со видот поради локација блиску до окото, тогаш се препорачува третман:

  • Давање на лек кој се вбризгува директно во хемангиомот
  • Се зема лек преку уста или преку вена
  • Се прави операција за целосно отстранување на хемангиомот
  • Се подврзуваат крвните садови со хируршки зафат (лигација)
  • Емболизација
  • Ласерски третман

 

Извор: https://kidshealth.org/en/parents/infantile-hemangioma.html

Превод  Слободанка Туџарова - ФБ група „Предвремено родени деца“ - Група на мајки на предвремено родени деца