Ризикот за губење на слухот кај терминско бебе и кај предвреме родено бебе не е ни приближно ист. Ако од 1000 новородени термински бебиња се очекува 1 до 3 бебиња да имаат проблем со слухот или да бидат целосно глуви, кај предвреме родените бебиња од 100 (не од 1000) новородени се очекуваат околу 15 бебиња да имаат некаков проблем.
Кај сите бебиња кои престојувале на оддел за неонатална интензивна нега постои можност да имаат проблеми со слухот или евентуално целосно губење на слухот. Има повеќе причини поради кои може да дојде до оваа состојба, какo што се:
- инфекција кај мајката за време на бременоста и раѓањето (пр. сифилис);
- јаки антибиотици (aminoglycoside, glycopeptide);
- должина на престојот на ОИНТ;
- ниска родилна тежина;
Најчеста причина за проблеми со слухот е генетската предиспозиција. Меѓутоа, поради големиот број на предвреме родени бебиња кои имаат проблем со слухот, правени се дополнтелни истражувања.
Аудиторниот (слушниот) систем кај бебето е веќе созреан до седмиот месец од бременоста, па се појавува прашањето: Ако најмал процент од бебињата родени предвреме се родени пред 28 гестациска недела. а најголемиот процент се родени по 34 гестациска недела, би требало во голема мера да се намали процентот на бебиња кои имаат губење на слухот.
Најновите истражувања покажуваат дека јаките антибиотици кои се употребуваат за да се излечат инфекциите кај бебињата може да бидат причина за оштетување на слухот. Научниците работат на намалување на ототоксичниот ефект на некои антибиотици, што би овозможило борба со инфекциите, со намален ризик од оштетување на слухот.
Превод Слободанка Туџарова - ФБ група „Предвремено родени деца“ - Група на мајки на предвремено родени деца